Па после убав ден на плажа, се осеќам изгорено Штета што бев без него, но што да се прави... Убаво ми беше сепак! Сега ми преостана да си лежам вкревет и да си пишувам на форумов...
Како да треба да имам грижа на совест,а немам. Како да не знам што сама со себе. Како ништо да не ми е доволно деновиве,ниту тоа што го правам јас ниту другите што го прават.Небаре има некоја епидемија од летаргија фатено,па секој се влече некако. И најупотребувана фраза во последно време ми стана "многу ми е гајле".Епа крајно време е за нешто да почне да ми е гајле!
Сега како ПОБЕДНИК ура за мене Се справив со едно бубачиште и сега ќе можам мирно да спијам. е вака се чувствувам ------>
Убаво... сеуште ме држи убавото расположение од викендот... што ти значи промена на околина Имам нешто на паметот... секирација да го наречам, грижа? Не... не би рекла... ако излезе позитивно ќе биде супер! Идеи имам илјада - само дали ќе најдам тоа што го барам?