Омалаксано од жешково, климата цел ден ми работи, ама џабе бе брате.. пак е топло.... Сега кај и да е се ставам под туш, со мраз вода Да се освежам и да останам свежа, дури и ладно да ми биде
Лавовски! Горда, среќна, исполнета. Дојдоа моите не 5, ами 200 минути! И има да ги искористам до крај. Од понеделник - нови видици, предизвици, пот и време насочени само кон една цел - станувам подобра Жена! Се чувствувам моќно, освоив нови територии.
Исто Треба да се видам со бившиот ми кој упорно се понаша со мене ко уште да ми е дечко, а упорно тврди дека сме другари, за да му кажам еднаш за секогаш дека неможе веќе вака, дека шансите што си ги имал да си го промени однесувањето си ги потрошил и да ме остави на раат да си продолжам со животот, без никакво негово присуство!!!!
Тажно, денес ми се случија многу работи, другарка ми е болна и тоа сериозно, братучед ми е во болница, мајка ми падна во несвест, неможам веќе
Стомак ме боли,безврска се чуствувам,па и жешково ме дотолчува,плус така малку си се нервирам,со други зборови катастрофа
Цел ден бев ок, расположена, насмеана ама сега некако болежливо се чувстувам, главава ме боли, целата горам, носов ми тече, како занесена сум, а + и малку нервозна