Како да се чувствувам? Станав уште рано,се истуширав...Уште ме мачи болката и неизвесноста од вчера натаму.Мразам коа сум во неизвесност,мразам кога морам да чекам друг да го спроведе тоа што ми ствара паника,мразам секогаш да те чекам да пораснеш и да сфатиш дека така врска не се гради...Не знам што ќе ми донесе денов,ама од сабајлето дефинитвно не ми е по ќеиф.
Уф, не знам. Се трудам да дефинирам, ама знам дека почнувам да се јадам одвнатре. Не сакам да бидам толку чувствителна, не сакам, не сакам, не сакам....
Од девет сабајле сум пред компјутер...Подвижна катастрофа! Па што знам...Онака,расположена сум.. После да се издепилирам... Не ја депилирам интимната,не ми се убаво подраснати! И тоа..Се надевам на убава вечер,вечер!
од сабјале натаму наваму, у полиција пасосот не ми ибл стигнат се нервирам а требаше да го земам, и сега ми е некако без веза... уух се нервирам кога се осеќам вака
Добро...си завршувам работи за да ми биде лабаво после одмор...книжење...малце,да дојде некоја паричка откако ќе пристигнам од совршениот одмор!Да,совршен,така го замислив,таков и ќе биде,дури и знам како ќе се сликам! Многу ме радуваат книги,списанија,каталози...постои ли таков фетиш?!Се возбудувам човече кога ќе видам вакво нешто,ново,неотворено...ммм...мирис на свежо отпечатена хартија...лудача бре! Завчера ја ставив државата на тест,број два за оваа година...од возбуда ич не спиев...Чиста Дана,изутрина кога стана...после зјапање во плафон 4-5 саати,се зами,свечена руба навлече,се зашминка,стави ветробрани овај новиве типови на наочари да скрие елегантен подочњак и весело тргна со црвената фурија кон местото на тестирање.Си помисли,брзо ќе ја биде работава и после има да се изнаспијам до 100 и сите пари комплет,сите заедно и назад!Весело си подскокнуваше смешкајќи се и посакувајќи им на случајните минувачи добро утро!Аааах...чекор до светски патник!Се качи по извртените скали во огоромната зграда и...д момент од трут...реа,нервоза уште во 8 наутро,ред брате,како кифла се извил од што нема место...и дебел цајкан доведува ред небаре овчар и уште досетки мава за вентилацијата гледајќи во нааааа толкавите дупки во плафонот на местото каде што навистина треба да има вентилација.Па да му се невиди (да не пцујам сега),од секој пасош по 100 денари,од секоја лк по 10 денари,не вентилацијаааа...ма не знам што ќе ставеле,сите да не повлече со се гаќи!Системот на работи,шалтерците кафе му го пијат,ти дреми,ај може за пола саат,не,ај 40...и дечкото со едвај 20 години и црвена маичка која говори за неговата партиска определба,впрочем и да не беше така,тој немаше да биде таму...што ти е успешен македонски граѓанин,кариера на 20 и тоа во државна инсититуција,мореее хееееј!После младината неспособна,вие сте неспособни!!!Ај викам,еден бесплатен шмек да му упатам,може ќе ми се најде покасно и уште весело почна да ми објаснува,добро дечко не сум прв пат тука,чааааоооо,многу се опушти и ти сега...И што ќе правиме сега?!Ќе гледаме во една точка до точка на лудило со надеж дека екраните ќе проработат и ќе почнат да се делат патни исправи...да се помолиме!Си седнав на скали и почна...лут чичко да се дере на разгласот и да повикува луѓе,морееее...толку одвратен глас немав слушнато од приредбата за добредојде во прво одделение!Дебелиот цајкан (како може да биде цајкан кога има над 120 килограми??????)се придеруваше на секои две минути саде стока се луѓето од други градови,смачкани во еден агол....жал ме фати.Госпожа го лиже сладоледот да се разлади,маж и ја гледа под око да не биде толку еротична,муџахедини(да де оние,бричени до мустак,а брадата до колена) со нусињата,љубители на Сека и Желчевски,ечи од мобилен нешто такво...цеде ром со маичка кинг оф поп,блик,блинк и два прста дебел ланец,скопск провинцијалка ( е за инает бе,дека ве нервираат ваквите изрази)со Витон ташња и муж и со таква педеруша,оригинал и апостолка на хулахопка,класика,а јас скромно погледнав во мојата купена на попуст лани,пишува Страдивариус,за цели 5 евра...па добро...ок е.Ми скискна индиферентните,ладни погледи на браќата албанци,каков чуден народ...да не ја посочувам дешавката...Ми скисна,три и пол саати и од зорт прокрварев,лажам ми дојде...во сред тој неред!Авантура!Оние од островот од Изгубени,вода можат да ми носат!Почна народ нервозен да станува,да се караат меѓу себе,хистерија да владее,пак почнаа апои да летаат,води за освежување,довикувања,ова ли е држава,каде е Јанкуловска ова да го види...ги разбирам.Три и пол саати на скали,гзот питулица...си помислив на шмекот од порано....на точно 20-те души кои чекаат 3 саати за 1 мин.работа и милион други пред нас повикани за патни исправи,а не ни чекаа...си викам,шмеку да си жив и здрав и отидов да си го побарам своето кај дечкото во црвено.Ја биде работата и уште чикото на шалтер ми рече,аааа па те читавме ние прееска,да бееее...и сите останати надвор што скапуваат?!Жими господ не те слушнавме,многу тивко зборуваш на разгласон,навистина е тешко човек да те слушне,се напрегаме!!! Сега сум светски патник,со биометриска патна исправа!Чекај,не сум уште светски...ако бе,да се радувам. Не сакам нереални,лицемерни,улизнувачки настроени луѓе точка и запирка! И денес не ми недостига никој непотребен!Денес се чувствувам среќно,моќно,способно,потребно,исполнето и најпрепопремногууштестозбораубаво на целиот свет!Плус,идам у фино паковање!Задоволство за сите сетила,нешто како нирвана сладолед сум! Плуууууус,хороскопот ми е денес добар и има право...ако за обичните се 5 мин.во прашање,мене 200 мин.денес ми дојдоа,ХА! Имам згоден долен веш...мхм!Делот моќна се додава пред жена коjа поседува добра долна облека!Има ли подобро манипулативно средство?!Е нема!Да бе,кариера,ум...како не! Лил,расположена!
^^ Оф леле, ме изнасмеа да не пукниш , оваа пасошка одисеја! Како не ти текнало на цд-ромот да му земеш бројче кога веќе носел блинг блингс, јас страшно се палам на рапери Туку, денеска... Денеска стигнав и јас на ред пред тв, прогледав 15-тина минути кич и шаренило и гледав филм кој ми се увиде еден век долг... Вежбање во собата која за 10 степени е пожешка од сите други низ коцкава наша наречена стан - дупло потење, ко во сауна. Не знам што се жалам, луѓето плаќаат за вакво задоволство. Денеска сфатив дека сум тинејџерка заробена во телото на 24 годишничка, не ми доаѓа памет и не ми доаѓа, а се трудам Боженце, оти вака ми работиш? Се чувствувам расположена - за две недели ми доаѓа другарчето од Дубаи, малку нормалност во мојот свет. Ги исцрпев сите можни теми со моите женски познанички, ќе треба да се натоварам книги и судоку за на плажа , ако сакам да преживеам од тоа вечно кукумјавчење. Не дека јас сум окезена 24/7, да не се разбереме погрешно, ама помеѓу тие Darth Vader - овци, ептен доаѓам како Little Miss Sunshine
До сега е добро иако има мали нервози околу мојата бушава коса.Ми доаѓа некој ден кец да се ишишам па ич да не се замарам. Насмеано,среќно,нестрпливо,до некаде и разочарана,но тоа сеуште не треба да се каже,бидејќи не се знае што ќе биде на крај
Задоцнив со будењето... ми е гајле, битно се наспав. Таква како отепана станав, набрзинка се облеков и пут под ноге. Уф бре кој ќе носи ташна, наполни ги таму џебовите! Да пукаат! Во едниот телефон, во другиот лабело и приврзоци со клуч. Сонце пука, а јас итам, среќна целата, бабичка да си ја видам на болница. Душа моја... Малце смеење со од мама колегите, честитки за матурата (бла бла бла...), мрсни вицеви, мачкање очи. Дома ме чекаат моите три цуциња, гладни (не за долго). И опуштено попладне... Ах што си се сакам. И Мами ја сакам, зашто пица ќе прави
Многу заморно пред саат стигнав од пат ...па да разгледам што сум пропуштила деновиве ај девијки ми недостасувавте ...поздрав до сите вас
осамено сите се на одмор само јас сама дома,ок ќе видат они јас кога одам само да ми дојде за некоја ден оваа меструција и да помина и јас ќе одам со моето срце....
Се чувствувам среќна , бев на гости кај тетка ми и се изнаиграв со братучедка ми Има 5 месеци многу е слатка Си се слушнав со сонцето мое и уште другарка ми да си ја видам вечер ќе бидам задоволна многу од денов