Моментално сум во фаза на пронаоѓање. Изгубена сум, не знам кој сакам, не знам што сакам, не знам што е најдобро за мене. Фала богу си фатив дечко, (само што тој веќе 2 недели е во друг град и како што гледам по муабетот сеедно му е за во врска со мене), но јас мислам дека го сакам бившиот кој ми обраќа повеќе внимание од дечкото. Абе јас сум само искомплексирана тинејџерка која копнее по љубов и внимание. Па како јаготка на шлагот овде е и мама.Таа се жали дека не сум созреана и стабилна. Не ми е јасно. Моите родители отсекогаш ме одвојувале од другите и секогашми велеле дека сум попаметна од другите од мојата генерација. И јас сум живеела така. Тато ми писка зошто веќе непишувам поезија,кога сум била толку талентира. И јас сакам да пишувам. Сакам да издадам роман, ама знам дека никој нема да го чита. Значи сега сфатив и дека не сум зрела. Супер. Секогаш сум била опкружена со луѓе кои барале од мене да се променам. Значи до мене е проблемот. Се чуствувам депресивно како никогаш.
Денеска се чустувам преубаво иако врни, Само што си дојдов од Ручек со родителите преисполнето се чустувам
Убаво, возбудено и исполнето. Ме боли стомак цел ден тетката од Америка ја чекам да пристигне во секој момент. Ширам мириси на шумско овошје низ цеела соба.
Во ПМС како можеш да се чувствуваш ....... мразам се денеска , мора мојта нервоза да ја истурам на кој стигнам ....некако не успевам да се контролирам
денес супер !!!!!!!!!! само што се вратив од мини викенд хехехе се осеќам супер и најубаво, литро алкохол, малку денсање, журка до бесвес и незаборавни доживувања. ми фали само летен одмор за на море и да се осеќам феноменално. но за среќа е потребно малку, а јас летам од убави моменти. и за крај да се поплукам некој ќе каже многу арно не е на арно хехехе пу пу али јас сум хеппи
Магнолија, јас ќе го читам твојот роман. Не се разочарувај __________________________________________________________ Абе се изнервирав нешто пред 10 минути, ама сега се ми е рамно. Си поминав квалитетно време со лудите мои и ги испратив на романтики
Уф, не знам како се чувствувам... На моменти збунето, на моменти среќно, на моменти луто, на моменти тажно, на моменти најзадоволно... Во секој случај, убаво е чувството, повторно да можеш да се чувствуваш... Денеска конечно се почувствував пак
исцрпена и физички и психички. Немам сила да се мрднам од кревет, ниту да направам нешто корисно. Станата сум од 9 часот, сеуште немам доручкувано, ниту се имам истуширано и средено. Прото ужасна сум, а како што ми тргнал денов веројтано и нема ништо да се смени.
тажно,вознемирено,чекам вести,од негативни чуства мислам дека почна се да ме боле....а нема кој да ме утеши..