Annnni срце немој со негативни мисли, мисли само на најубавото Се чувствувам некако празно, меланхолично, на граница на шеќерно депресивно. Што да кажам, околината ме заситува, луѓето ми се неинтересни, ми се оди да фатам усвет, подалеку од се' и сите. Носталгична сум за минати времиња, копнежлива за поубава иднина, а никако да научам да живеам во сегашниот миг. Пробувам, ама таа лекција очигледно сум ја прескокнала. Ми фалат нови звуци, нови мириси, ми фали и една даска по глава! На моменти сум гневна и бесна, знам зошто и знам дека нема да си кажам на глас, бидејќи и онака никој не може да ти помогне, освен самиот ти точка
Сјајно. Дома сум два дена сама, и си рокнав гласна музика, играв до препотување. После со тегчињата малку вежби, стомачни и се осеќам ко препородена. Плус, вечер ќе одам да го глеам господинот Незаинтересиран, а утре со швалерот бр.2 ќе пиеме пиво. Смешки. Толку мажи околу мене, а мене ништо конкретно не ме интересира. Не давам веќе ништо, само флерт и внимание за да си ја одржам блескавоста. Епа, ко воли нек изволи. Шилеа, денес лоша, секси и своја.
Ужасно! Скапана сум целата. После журката на езеро од која си дојдов во 5 ипол утрото. Во 9 станав да ги пречекам гостите од скопје и цел ден шетав со нив. Убаво ме изнаврна дождот, сега грлово ми е партали. Главата ме боли, нозете и бутовите. Кога ќе ми помине бре аман!!!
Офффф..па не баш најдоброо.. Чуствувам некои болки..омалаксана сум! Прееска и викам на мајка ми : - Мамо ме боли ногата.. и ми враќа со : Па од што не јадеш, од диетата ти е ама покрај сето тоа среќна сум. Ми гледааа на кафе, и ми кажаа многу убави работи.. А последниот пат, кога ми гледаше девојчето, се се исполни..
Ахххх...прво изнервирано па во ред за на крај да бидам НАЈЛУТА, НАЈИЗНЕРВИРАНА И НАЈБЕСНА НА СВЕТ!!! ете така се чувствувам јас денес... жал ми е ако распипав нечие расположение