Денес ептен расположено се чуствувам,весело,цело време ваква сум во фацкава ,уствари кога ќе подразмислам,не само денес,туку од пред неколку дена,придонес во тоа има и некои луѓе со кои се видов позитивци После среќата,следи несреќата и така во круг се потворуваат,неминовен процес во животот,само што негативните работи не се негативни во однос на тоа како човек гледа на нив,среќата е во нас,нигде на друго место
Ми удри мене задоцнет ПМС или не знам што, но плачлива и раздразнета , гневна и бесна , па индиферентна . Да беше зима, се' што ќе посакав е да се покријам со ќебе и да си поплачам , гушната со тегла еурокрем (не го јадам со години, мајка ми не ми купува). Не се чувствувам убаво.
Happy без посебна причина Уште и хороскопот ми се погоди-ќе ми биде денот баш погоден за љубов,па така да ако се двоумев дали да направам нешто-сега сум 100 % подготвена е добро де може не 100 % бидејќи не знам како ќе реагира и што ќе помисли ама сепак ќе соберам сили и ќе направам прв чекор Само да биде како што ми пишува-ако ништо друго барем нека биде почеток на нешто убаво
Бев со златцето во град.. како последна вечер во месецов што се гледаме , си дозволивме повеќе .. среќна сум зашто се ми е супер во животот ама тажна зашто го оставам златото на 10 дена ..
спиев само 4 часа а веќе сум будна и наспана незнам што се случи со мене иначе ставам кај 1 или 2 саат попладне
Подобро отколку вчера Временце прекрасно, ни ладно ни топло...милина само за шеткање (ајде кој е за нека повели во ПП на кафенце )
Тешко ми е да дефинирам како се чувствувам. Среќна сум, да, неописливо среќна, ама и се плашам. Знам дека не треба да мислам многу, туку да ја прифатам ситуацијата таква каква што е. А не е лошо, напротив. Убаво е - поубаво здравје. Ама што, како, кога, каде, зошто? Милион прашања ми се вртат во глава, претпоставувам дека кај сите било и ќе биде така... ах.... камо да беше барем малку поедноставно...
Станав од спиење нервозна,сега ќе му ја легнам да дремнам малку попладневно и не му ја мислам,додека сум расположена. Кога имам пмс сум подобра отколку кога немам. Селави!
Уф лошо...Уште по сабајле грлото ме дере и главоболка неподнослива.Се надевам ќе помине во текот на денот и ќе можам да одам на ноќно капење.
Исцрпено...И психички и физички.. Мора да ги оставам цигарите! Вежбав половина час,а одвај и тој го издржав... Ма ќе ослабам,па ако сака и врбата нека роди грозје! Не дека ми треба,ама..Сакам! А друго... Ми треба прегратка.. И тоа исклучиво твојата!