конечно одморено релаксирано. среќно сакам оваа среќа и состојба да ме држи многу многу долго........ вљубена оф прекрасно со мојот љубен си го сакам иако сум толку долго во последно време со него се осеќам како да ни е прв месец волшебно волшебно .......
Леле ова што се исеков завчера уште ме боли по малце Иначе релаксирано се осеќам, бев со Убавите преска, се смеевме до бола
Некако денес ме обзема чувство како се брзо поминува. Веќе сме 21 Јули, да не кажам месецов летна. Кога побрзо! Пак имам главоболки, веројатно зошто времево е облачно и спарно... Едвај чекам да излезам.
Вистински чудилник сум денеска. Не будилник - чудилник. Си ја сакам мојата интуиција, иако понекогаш дознавам работи кои ме болат, ама подобро да си живеам со најсуровата вистина, отколку со најубавата лага на светот. Преполнета овошје, ги чекам другарките за да излезам на воздух, конечно. И тукушто започнува моето чекање... некој замина на одмор, а јас останав да чекам. Вечно некого чекам. Проклето чекање. Троа поубаво се чувствувам од вчера, исплакана и испразнета.
Ме лазат морници, не не, крокодили. Не е ни тоа, а во никој случај, пеперутки. Се чувствувам чудно, паметот ми лета. Не мислам на ништо, не ме интернесира ништо, како инвалид сум, не можам да се помрднам. И главата ме боли, добро само на моменти. Како изгубена сум..баш така..Како Alice in wonderland.
Ко во нова димензија Два дена од обуката и работата ми се напорни ама ме исполнува се` што правам. Среќна сум, имам цел и не ми е жал за ништо. Одам сега да си земам сладолед и после на спиење! Треба во 7 да станам, не е шала И, фала богу што заврна, се чувствувам полесно. Влегувам во лавовска ера, сега е моето време, а и на сите лавици секако на форумов
Моментално страшно уморно... Ама затоа сега ко ќе си го фатам креветчето ми господово и ко ќе си го гушнам перничето и ко ќе си потонам во сончето
Немам зборови...убаво, исполнето, на моменти дозволив да ме изнервираат луѓе што не знаат да уживаат во животов, но сепак можам да кажам дека имав убав ден
поминав цел еден ден со другарка ми ја гледам се смешкам....ах убавата таа колку е само среќна,среќна сум и јас за тебе мило,насмеј се ќе имаш нов живот...ќе имаш некого за кога ќе вреди да живееш да го држиш во прегратка,да го галиш,а тоа ќе те гледа со тие слаки мали очиња....биди среќна- среќна сум и јас со тебе!!! го поминав толку убаво денот,во мене се родија некој мајчински чувствва