феноменално се чувствувам денес ми е роденден...и ми приредија мноогу убаво изненадуванје со торта и со многу народ еден ден унапред и немозам да ви опишам колкуубаво и среќно се чувствувам...хахахх
Среќен роденден докторке, и да си дочекаш многу родендени, да нема каде свеќи да се ставаат врз тортата Инаку јас се чувствувам многу меланхолично, а и сама незнам зошто. Сакам да спијам ама никако сонот да дојде. Затоа ја пречекав и првата смена на форумот. Мразам кога сум ваква и кога неможам да заспијам.
тешко се разделив од креветот денес, многу тешко. Размислувам дали да се вратам, многу поспано делувам. Немам воопшто енергија.
Среќен роденден, голема да растеш, што ти лежи во срце, во кревет да ти легне Инаку, јас се чувствувам среќно, со оглед на времево. Среќна сум Ме опиваат некои чудни емоции, што неможам да ги искажам,но сепак среќна сум.
тазно,депресивно,пак мора да се вратам на работа кога ке помислам дека вака треба до 1 август немам време за ништо,ми фалите да си поразговараме на чет
полна со 10000 идеи, желби, барања хм само колку амбиција се крие во мене. ако ви кажам дека вака чудно не сум се чуствувала одамна во мојот живот. некако полека работите почнаа да се движат под права линија а јас сум најсреќна. зошто и како ни сама незнам, некое внатрешно чуство ми влева позитивност, самодоверба, надеж за подобро утре и за капка среќа од океанот наречен живот. и можам уште 3 страни да ви напишам а пак нема да ви го откријам вистинското чуство за она како се осеќам затоа што ни самата незнам само ќе кажам среќно и вљубено мислам дека е кратко но кажува многу