Исплашено. Утре е денот. Како ли ќе поминам на проклетото тестирање?!? Аман више... ќе се работи или не, прашање е сега... Имав повеќе самодоверба пред некој ден. Ама ќе ми се врати. Ќе биде. Мора да биде.
Ариел, со среќа. You can do it. Јас најверојатно треба да си го сменам името во Хронично Ненаспана, не ми требаше ова денеска, покрај тоа што знаев дека треба рано да станувам..
Од сабајлево е добро,за подоцна не знам,ама се надевам дека нема да се најде нешто што ќе ме инервира
Ариел, навистина ти можеш - и ќе успееш! Е па, драги мои, се чувствувам како што не сакам да се чувствувам - уморна и без волја да правам нешто. Сепак, имам насмевка на лицето - од уво до уво, од голема поголема едноставно, се си доаѓа на свое место....
Уф колку мразам кога ќе бидам присилно разбудена. Не дека не бев спана, ама мразам кога сосила ќе ме разбудат. Додуша ова утрово беше индиректно, ама деца распиштени по двор И сега штракам по тастатура, брат ми спие како заклан... И него уште да го чекам, а треба да излегувам...
Оффф, си легнав во 6 часот сабајле , и станав во 3 попладне. Биоритам= ужас! Главата ме фрка страшно, ама едно аналгинче и ќе ме среди.
Ненаспано Вчера до 5 гледав филм,а утрово татко ми ме разбуди и сега цел ден ми се спие Ама расположена сум
Ами не е баш сјајно. Се чувствувам ограничено,ништо не ми е доволно,ништо не е како што треба да биде,а јас сум немоќна да го направам како што треба.Стварно тапа ситуација.Еве еден поздрав со песнаваhttp://www.youtube.com/watch?v=yIdDUB84h7U E баш така,ќе ми треба многу трпение или нешто ептен убаво да ми се случи конечно(ја преферираам оваа опција ) за да ми ги окупира мисливе и да не мислам на тоа,инаку тешко мене.