Многу летаргично и мрзеливо. Се' што ми беше потребно за одмор ми купи мајка ми. Ко некое мало бебе да сум. Кутрата жена, јас не се трпам самата себе ваква, не знам како она ме трпи. Го зјапам куферот и ме мрзи да ставам две парталчиња во него. Ајде утре. Мрзеливо, досадно, лепливо, мемливо, сонливо... баш така се чувствувам.
ќе частам ќе частам, нема проблем, само да си стапнам на родната грутка, златната сончева Македонија Се запишав на еден германски факултет, ама мнооогу ме измалтретираа со триста тестови, интервјуа, документи и денес сетоа тоа триумфално заврши !
Како кога се запишував на факултет, додека чекав резултати. Исто. До вчера бев во хаос, и денес не знам што попрво да направам. Се чувствувам како да се будам од целосна анестезија, а кој ја имал знае дека чувството е одвратно. Се чувствувам и изгубено заради тоа што сфатив дека последнава година животот премногу го сфаќам како рутина. Само зошто дури сега сфаќам - не знам. Престанав да излегувам, слабо пијам кафиња со другарки, наједноставно ми е дома да ми дојдат... не, тоа не сум јас. Јас живеам надвор. Ни децата нешто посебно не сум ги прошетала. Дома, се едни исти јадења, исти простории, исти пози во иста соба, со видно намалена страст, активности претежно сведени на рутина. Не може, и не смее да биде. Мора нешто да се преземе. А интересно е што вакви сафри ме имаат фаќано и порано, и тоа се во лето. Се почна од еден спонтан и неврзан муабет со еден драг пријател кој ми кажа дека правам компромиси секој ден. Тоа беше пофалаба, и беше добронамерно, ама мене ми беше показател дека некаде по патот сум се изгубила. Не знам дали компромисите имаат врска со монотонијата од последнава година, ама дефинитивно ќе си дојдам на себе. Компромиси мора да има, ама веќе почнав да губам идентитет. Дома ми е хаос, не можам да го гледам хаосот веќе, а не знам од каде да фатам да раскревам. Ми треба една недела да се затворам дома за да средам се. Тоа дополнително ме убива, зошто и онака ме има фатено монотонија, а монотонија и хаос е страшна комбинација. И пропаднатите планови за ова лето исто така. Ми треба гласна музика. Ми треба живот. Море ми треба. А нема. Нема оваа година. А ако ми пукне филм и ќе отидам, сама, без деца без ништо... На моето омилено место, кое нема да го видам оваа година. А имам куќа таму. Колку иронично.
Убаво Вчера имав супер вечер со другари одамна заборавени. Денес ќе гледам да завршам порано со работава и обврските и да фатама џенем негде да се прошетам. И уф да дојде утре, па да се издувам на утакмицата Ариел, многу ми е криво вака кога те читам. Ајде позитивно малку, знаеш дека е период и дека ќе се средат работите.
Фала Рејнбоу за поддршката. Ти и уште неколку форумџики сте ми посебно драги, и многу ми значи кога ќе ми пишете некој убав збор Знам дека е период, и знам дека ќе го средам. Сум имала и мнооогу потешки, па сум ги надминувала. Само во реалност секогаш глумам дека сум цврста и дека ништо не може да ме бутне. Така сум ги научила сите околу мене, и сега не можам да се менувам, одма креваат паника. Фемина е единственото место каде што можам да си ги кажам маките, па затоа си се жалам
Како да сум се разбудила од долг, убав сон. И сфаќам дека реалноста нема ниту една допирна точка со она што го сонував. Ех... ама сите сме Пепелашки во некој период од животот и кога ќе дојде полноќ се будиме. Но кај Пепелашка бајката продолжи, а тука реалноста е сосема поинаква. Сепак, знае да биде убава и таа реалност, таа сегашност во која живееме. Ариел, главата горе. Ќе помине и овој период, како и се друго што поминува.