Криво ми е малце што времево не ми оди во прилог, ама ај ќе се потрудам убаво да го искористам.... Ехх...
Кога станав некако поспано..малаксано..после да прејде тоа во нервоза..И некако ко изгубена..Ама со кафенце и убаво друштво на другарка ми која ја немав видено две недели сега се осеќам добро
Тешко се измолкнав од креветот...некако исплашено... Не знам како се чувствувам,освен тоа дека ме мачи некоја неизвесност,црни мисли ме окупирале не ми даваат да мрднам.А пак чувството на осаменост,тоа е веќе тука три дена Ми недостигаш многу и сакам да се вратиш!
Чудно и изгубено....Не можам да се сфатам самата себе си...неколку дена имам потешкотии да си ги искажам чувствата а тоа ми смета и тоа многу
Како утепана се чуствувам,како воз да ме згазил,оваа тетка ми од Америка ме толчи ми се спие,ај што легнав касно,ама па цел ден ми се спие,ми се чини кај да отидам низ дома,веднаш ќе заспијам,уште фали пред компјутеров да заспијам ,глава ме боли ужас,безвезе и фала богу нервоза не ме дрма веќе раат,уствари се на се,како флегма сум