Некако се утешувам кога читам дека и други девојки го фатило мрза како мене. Баш фино, можеме да си основаме дружина на мрзливци. Збуткав се' во куферот, уште да се спремам и очајно сакам да си ја зачистам собата, да не ја дочекам грозна и хаотична на враќање, но погодувате веќе - ме мрзи Луѓето од околината толку се грижат за мене и моето добро, сите си дадоа свое мислење и коментар што ли таму прави мојата поубава половина на одмор, иако никој не ги праша, важно си се изјаснија. Добро, кога луѓето ќе научат да си ја гледаат сопствената работа и да не го пикаат носот во туѓи манџи и проблеми? Кога??? Not gonna happen'. Се на се, се чувствувам мрзеливо, здодевно, преморено од туѓи мислења, едвај чекам да се макнам од дома и од луѓето околу мене.
Ужасно се чувствувам. Се ме боли, целата сум со завои на нозете . Паднав прееска на улица и покрај тоа што се повредив многу ги искинав и омилените фармерки Малер сум
Па имав некако поисполнет ден денеска за разлика од другите во ова лето! Задоволна сум од денот сега сум малку уморна но мора да прошетам по форумот па после одмор
Моментално среќна, со срце што чука 300 на саат! А страшно е што (заокружи го точниот одговор): а) Нема посебна причина б) Тоа што е причина не е нешто посебно в) Тоа што е причина не треба да е причина Ариееееееееееееееллл!!!!! Прибери се!!! Ту лејт.
Мислам дека и кај мене старото расположение се враќа полека полека.Оваа полната месечина има лошо дејство врз мене нека си оди.Иш полна месечино иш!