е ајде де како ?? секој ден се тоа па тоа малку интересно, малку возбудливо и чат пат некоја караница се чуствувам онака некако грдо чекам дали ќе ми дадат слободен ден сакам да се журнам малку и сум чудна ептен.
Абе Ени мислам сакаше да кажит дека синоќа премногу испила! (се надевам не било полошо од тогаш кога бевме Холандија ) ** Иначе се чувствувам настинато - бидејќи едноставно - сум!
Денес се чувсвувам како буре. Некако надувана сум целата, не ми се седи дома, а само се тркалам од еден кревет во друг. Под итно ми треба физичка активност.
Викиии?!? Те утепав!! Јас сум премногу изморена, што одвај пишувам. Ама за фемина, секогаш имам сили и енергија.
арно беше до прееска, сега ми се умира ех шо не ми е тука комшиката па да се потешевме со нејзе и да си покукавме за судбиниве наши
^ Ѕвездакоска, еве јас ќе ти правам друштво за кукање. Мене ми се кука и си кукам како кукавица во себе. Лелее, пак ќе ме стегне некоја си глупава сиво-темножалосна депресија зачинета со близу-далечно недостижно шаренило. Ми доаѓа да си се сменам во Depr-ica.
^^Ајде, ајде..двете да се опуштите и без разочарување..Ќе помине и ќе се случувааат убави работи.Ова е дел од животот.
Многу ми е неубаво, денес конечно ми стаса едно долго очекувано нешто, но за жал не беше како што очекував- премногу ме разочара. Разочарана сум и од луѓето околу мене, некако сите се со негативна енергија и иако се бранев долго време сепак денес беше кулуминацијата и ме префати и мене нивното лошо расположение. А посебно ме разочара една личност која многу ми значеше, но после нејзината навреда- ќе се трудам да ја банирам засекогаш од мојот живот. Некои личности не заслужуваат втора, трета шанса. Премногу ми е тешко ни тоа што плачев не ми помогна многу. Сума сумарум ваква сум денес Се надевам дека барем вие девојки малку ќе ме расположите