Шмрц, шмрц... ете баш вака Кај ме најде оваа настинкава сред лето... а не смеам ништо да пијам освен чај и лимон
Уморно. Веќе 17 дена немам слободен ден и капната сум. Нозете едвај ме држат. Секој ден по 5,6 саати спиење и толку е. Не ми се гледа веќе и почнав да правам некои мали киксчиња на работа, а други гледаат тоа да го искористат. Ама ќе се вратам од одмор и ќе им покажам кај им е местото
Ме печат очите , носот ми протече .. не знам зашо . Вчера изгорев и едвај спиев .. Имам голема модрица на ногата .. со еден збор гадно се чувствувам . Сакам дома
Почна да ме фаќа нервоза. Уште нема абер што и како ќе биде со работата. А официјално, утре ми е последен ден на работа (т.е. денес, утре не работиме). Од први сум невработена. Па нека ми е честито! Анат, чувај се. Многу чаеви и лимони, и се ќе биде ок
Па бев на договор на определено, до утре ми е, ми истекува и нема да ми го продолжат. Има уште работа, ама по процедура не смеат - мора повторно да распишат оглас, а и не знам дали има расположение. Во меѓувреме очекувам резултати од тестирање за друго место во истата фирма, за работа која требаше да биде моја, ама поради нечии врски ме вратија назад на тестирање. Требаше да се надоврзат едно на друго, ама сега не знам ни што ќе биде. Мислев дека деновиве ќе дознаам, па да бидам раат - ама ништо.
Ццц како така Ариел? Леле до каде ќе оди државава со тие врски, срамота е. Ама мислам дека секако нешто ќе ти испадне. Само да не си ги губиш нервите, па кога ќе се реши ситуацијата. за џабе си се нервирала. Ајде знаеш дека имаш поддршка тука на форумот
Супер!Бев до библиотека да земам некоја книга да читкам за занимација...ги одбрав http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=7:секој-што-е-некој&Itemid=70 и http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=96:шмизла-сашо-тасевски&Itemid=6 па евај чекам да почнам да ги читам прочитав дека имаат интересни содржини,но Шмизла не ми се допадна баш според воведот што го прочитав....инаку моментално се чувствувам уморено од сонцево изгледа...жешко е многу Позз девојки
Денес имам ретко чувство на исполнест,среќа,заљубеност...Како да сум летнала на седмо небо и да живеам во розов свет.Знам дека утре ќе се руши целата фантазија и ќе ја нема подолго време.Би сакала да трае многу повеќе од два дена ама таков е животот.Се што е убаво кратко трае...Најубавите прегратки,најубавите бакнежи,се чувствувам прекрасно-тоа е одговорот.
За разлика од претходно,подобро се чуствувам,свежа,наспана,смирена весела,малку мрзлива,ама ќе пројде таа мрза која многу ретко ме фаќа а од пуста жештина само пијам течности,како балон сум во глобала,убаво се чуствувам
Денес... Разочарано. Значи нервите ми отидоа за овоа со факултетите...И дома ме нервираат... И мораше да се избричам таму,оти пустата ми мајка не сакаше да ме издепилира! Се нервирам премногу и едвај чекам да излезам вечер....