Утепано, полуочајно. Не знам зошто, мислам дека Јарецов што го имам во месечина, ми е*ава матер Пијам вино и слушам Нина Симон. Културно, станувам пијаница што кука за некои неповратни времиња. А у суштина, ми е гајле, зошто знам дека сум издигната над сите глупости. Што ти се вика себеанализа! Ќе си читам сега 1Е и ќе си дремам во кревет. Ми прави друштво, самотијата. Одамна не сме се виделе, ќе пробам да ја слушам.
Изморено. Пробав да одам до Водно,но не стигнав ни до средно.Ми преостанува стазата. Веќе една недела не сум спиена како што треба од 24 часа 4 ги преспивам 20часа се тркалам низ креветот и тоа лошо влијае.Утре одам во природа па да се надевам дека ќе поспијам некој саат.
Некако празно.Моите деца заминаа на одмор па ја нема онаа живост во домот.Додека мојот сопруг гледа тв јас решив да се дружам со вас за да го исполнам времето .
Чудно некако .. оти сега другарката ми кажа оти на фејзук прочитала дека денес ќе има некакво зелено небо во 22:48 часот ама мене не ми се верува И убаво бидејќи се вратив од Грција,умрев таму јадејќи гиро и шетајќи и купувајќи парталчиња од градот
Реков,све че то море опрати...Јонско море,сонце и ветер сеуште имам во коса...релаксирано,задоволно и благо уморено... Не знам...ама веројатно вака изгледа екстазата и сакам да потрае... Се заљубував 100 пати во ден во различни нешта,уживав уз Корона екстра,бразилска музика,убави плажи со прекрасни зајдисонца,луди вечери со алкохол,иако ми го нејќеше душата нешто и врели ноќи...мхмммммм... Цел остров,јас,тој и моите прекрасни деца кои и не беа баш деца,туку супер момци и девојки,ама за мене деца. Да можам ептен до крај ќе ви се испофалам,ама нема смисла.Се чувствувам евентуално и прекрасно! Опасна мачка сум значи и фулстоп!