ќе помине па нема вечно да се задржат странците кај тебе. Ама морам да ти кажам дека постот во испукајте се многу ме насмеја
Нестрпливо .. не знам што да правам за да ми помине побрзо денов.. ќе најдам нешто сигурно цели 10 дена спиење на туѓ кревет.. како легнав вчера , така заспав - во мојот кревет Да можев ќе го гушнев
..хахаха .и мене ме изнасмеа ))) ајде не се секирај .ќе заминат ,ќе се рофјосаат .ќе уживаш после .. Убавиниииии !!!
Чудесно. Уште еден чекор напред. Убаво ми е, само се нервирам дека кречиме, па не можам да го рокнам системот, жици врвулат насекаде Вечер мојата водолија прави именден, едвај чекам да се збереме сите кај неа на муабети и љубовџиско кафе. Смирена сум, активната аура е спокојна, душевната сега работи со нови предизвици. Учам, како да бидам нова. И згодно е! Со умот напред
Како да ми е преку глава од се`. Собава ми мириса на чај од коприва.Се молкнам по креветов цел ден и No ordinary love ми е на рипит,а не знам зошто. Сестра ми премногу ми недостига.Грди мисли одвреме навреме ми шетаат низ мозоков и ми ја полнат душава со меланхолија некоја. Денов ми личи на недела,не да ми личи туку по-неделски не може да биде.
Измешано,испреплетени емоции и не знам што попрво да направам. Само се прашувам дали почнува да ме фаќа денеска најголемиот непријател на човекот '' мрзата''. Ама мрзо слушај ваму сега бегај таму подалеку од мене оти ќе биде тешко тебе, за последиците не одговарам и сега од ваква се направив ваква ПС не дека не знам што сакам, секогаш точно знам што сакам туку нешто друго е во прашање бе, а точно знам што е ама не ви пишувам
Пресреќно, заљубено, самоуверена, убава, мирна, со сите нишани. Ова е еден од оние денови кои сакам да ми траат и траат. Ааа, да, и сега сум најнајрелаксирана по убавата миризлива ккупка со сол во када и прекрасната музика. Можам да уживам во животот, морам, кратко трае тој
Убаво..опуштено..со стомаче полно ...Значи убав празничен ручек во опуштена фамилијарна атмосфера..Колку е убаво кога ќе избегаш макар и на неколку часа надвор од местото на живеење.
Многу изморена после бурниот викенд. Сепак сум задоволна, фатив малце боичка, колку да се каже и киднав од градот. Убаво ми е..
Страв во коски. По не знам кој пат, се излажав и доцна навечер ги читав постовите во темата ‘‘Необјасливи случки‘‘.