Освен што тенот ми е прекрасно бронзен и духовно се чувствувам исполнето. Сама сум и цел ден уживав на прекрасната светлина низ чисти прозорци.Портокалово жолтеникава,чиста и смирувачка...топличок ден во секоја смисла. Катарзични моменти се повеќе. Чувствувам дека сум се поблиску до местото каде што сакам да бидам,тоа е повеќе од добро. Малку тешко ми е Скопје и навикнувањето на сон без него...убаво ми е кога ќе ми рече дека му недостигам топла и бушава наутро...кога му недостигам да му зборувам пред спиење,а тој нежно ми ги бакнува ушните школки и ме прашува како не ми здосадува постојано да зборувам,анализирам,тресам зелени и слично. Ми недостигаат и моите мили малиши...и уште неколку будали...реков,мачка и пол,кон две,ама да не должам многу. Номад...кај и да е,пак ќе си врзам парталите во голема марама...како би да сум некаде...во Индија...Гоа...како би да го поттикнам дополнително ова духовно смирување и да уживам со целосна хармонија...иако сум тука некаде...чувствувам дека и тоа ќе биде.Јас сум само за диви околини,едноставен живот,места каде што животна радост е варен ориз,а вистинска среќа е варена риба...по можност да бидам во добротворна мисија...нејќум хартии,канцеларии,директори,идиоти,кретени,протоколи,рокови,измислени нешта...храна и вода...и дрнкај си на мандолинката... Ми се спие...ќе се задоволам со топлото предење на мачорот...
Денес сум ,ми дојде и неможам од кревет да станам,ама затоа ќе можам цел ден пред компјутер да го поминам
Уморно, ама убаво... доста работи видов, се навратив на корените... ама денес сфатив дека некои работи ќе мора да ги пропуштам - а тоа се оние слатки мали задоволства кои го прават животот убав, и на кои секогаш со задоволство се сеќавам. Тоа прави да се чувствувам малку тажна и носталгична. Ама не ми е криво, убави работи доаѓаат...
Болно... Целата сум јогуртисана... Се ме боли..Колку било лошо овоа горењето...И плус сончаница и дехидратација... И лошо... Здебелена сум.. Ќе се убијам!
Имам енергија, ама немам на што да ја искористам.... Одвратно ми е тука, сакам некаде да заминам и да одам на плажа, да осетам моренце... Башка изнервирана сум нешто, понудата од агенцијата си ја смениле, ми иде да ги тужам да ги убијам! Безвезе ми е се.
А што знам. Слушнав убава вест која чекам да се потврди, и не сакам да се радувам пред време како минатиот пат. Чекам да биде официјално, па после. Стресен период беше ова. Периодов научив многу работи за мене. Какво изненадување! И тоа требаше некој друг да ми каже. И некои работи потврдив. Дека без предизвици и промени не можам да живеам. Само треба да научам добро да ги канализирам! Научив и дека страста го врти светот, а не љубовта. Љубовта за мене е мирољубиво чувство, ама страста те тера да одиш напред, да правиш чуда, да не личиш на себе... без разлика дали се работи за страст кон некого или нешто... ама чувството е страст! Најдов некој кој е многу, дури и премногу сличен на мене, како да се гледам во огледало. Се плашам од тоа како ќе се одвиваат работите, се плашам од сама себе, од мојата зависност од предизвици и промени... ајде, паметна девојка сум јас... Децата се подобри, може да се каже здрави. Ех, да можев да ги однесам на мојот пуст остров... Каде што има малку туристи, и речиси воопшто македонци, каде што се будиш со прекрасен мирис на борови кој го чувствуваш по целата патека до плажа која е на 5 минути од дома. А плажата, со тркалезни бели камења, и мирис на солена вода која од бранчињата се одбива од карпите и се распрскува! Ако домот ти е таму каде што ти е срцето, тоа дефинитивно е мојот дом!
Се соочувам со ралноста. Се уште не сум свесна дека после нецели 2 год го видов. Блескаше! А толку беше нежен. Се теопев целата . Изгледаше како на светов да сме само јас и тој и никој друг. Бев изненадена. Никогаш нема да ја зоборавам таа ноќ. И секако конечно се исунчав. Малку поцрвенав, но мислам дека ќе сум добро. Сепак се чувствувам среќно.
Ми се допаѓа твоето име, добредојде на форумов! Само ќе те замолам рокерче да ги прочиташ правилата и да пишуваш на кирилица!
Ме облива чувство на жед, неизгаслива жед, а цел ден се долевам со сокови, вода... Седам бескорисно, како некоја статуа на градскиот плоштад, без желба и мотив, ги откуцувам буквите на та(е?)статурата, со надеж дека ќе ми помине оваа мрзеливост што ме фатила. Сакам да заврне, да не морам да се облекувам, спремам, и излезам надвор- сакам да си се вратам во постелата која што веќе е изладена. Сакам да јадам благо во прекумерени количини и да се долевам со вода или сок...Пак чувствувам жед. Да не дехидрирав?
уште под еуфорија но претепано од работа. меѓутоа ништо не е тешко кога паметот ти шетка лево десно и си вљубена. оооо се осеќам топ топ топ
Ненаспано се чуствувам,најадена од што се прејадов како тапан сум во стомаков,инаку смирена,релаксирана и весела