како домаќинка, кај дечко ми сум, му правам ручек, му средувам, трчкам по него цел ден. Некој да ме види ќе мисли дека сум млада невеста, пу пу скраја да е, рано ми е. Прерано да не кажам. Се изморив кутрата јас....
Ми се јавија официјално дека сум ја добила работата. Договор уште не сум потпишала, се надевам утре ќе биде, па од понеделник и официјален почеток. Сега не се радувам и не частам додека не потпишам. Инаку, иста фирма, друго о-зе-те. Зошто не сум толку среќна колку што треба да бидам? Зошто ме измалтретираа до небото и назад, испадна дека сум, па се жалел некој, па дополнителни тестирања, па никој ништо не кажува... и конечно, после месец ипол од аплицирање, ми јавија дека сум била јас. А кога аплицирав и кога дознав дека сум јас првиот пат, пред компликациите, мнооогу бев среќна. Го сакам местото зошто ме внесува во нова област во која сакам да се насочам во иднина. Од друга страна, по хиерархија е пониско од ова што го имам, ама ова ќе го укинат. Платата е иста, а таа таму првично ми кажаа дека ќе биде повисока. Како и да е, добра е, не се жалам.Одговорности - помали. Ова е делот од работата што најмногу го сакам, и најмногу ми лежи. Многу контакти, помалку администрација. Е сега нема да бидам во прва борбена линија... тоа е, компромиси. И морам да додадам дека тимот е супер, а тоа ми е страшно важно! Ќе следуваат возбудливи 2-3 години!
И јас сум во истата ситуација,неговите се на одмор.По цел ден сум кај него,како жена сум му,а и кога не е дома јас одам кај него средувам едно друго
Ми се јавија официјално дека сум ја добила работата. Договор уште не сум потпишала, се надевам утре ќе биде, па од понеделник и официјален почеток. Сега не се радувам и не частам додека не потпишам. Инаку, иста фирма, друго о-зе-те. Зошто не сум толку среќна колку што треба да бидам? Зошто ме измалтретираа до небото и назад, испадна дека сум, па се жалел некој, па дополнителни тестирања, па никој ништо не кажува... и конечно, после месец ипол од аплицирање, ми јавија дека сум била јас. А кога аплицирав и кога дознав дека сум јас првиот пат, пред компликациите, мнооогу бев среќна. Го сакам местото зошто ме внесува во нова област во која сакам да се насочам во иднина. Од друга страна, по хиерархија е пониско од ова што го имам, ама ова ќе го укинат. Платата е иста, а таа таму првично ми кажаа дека ќе биде повисока. Како и да е, добра е, не се жалам.Одговорности - помали. Ова е делот од работата што најмногу го сакам, и најмногу ми лежи. Многу контакти, помалку администрација. Е сега нема да бидам во прва борбена линија... тоа е, компромиси. И морам да додадам дека тимот е супер, а тоа ми е страшно важно! Ќе следуваат возбудливи 2-3 години! Ајде со среќа нека е многу успеси понатака -Мило ми е што се си дојде на место .Поздрав
Тешко ми е некако , задушливо. Ми се чини дека губам воздух, како да дишам за џабе. Изморена сум, и физички и психички. Собава ми е мала, станот ми е мал, градот ми е мал. Не можам веќе тука.
Осамено...Не ми се размислува, не ми се седи, само сакам да се прошетам без да го сретнам половина град, да си ги разбистрам мислите... But, that's mission impossible.
Со еден збор - ПРЕКРАСНО ! Насмеано, весело, исполнето... Морам да кажам дека вредеа сите дождови, сите бури и сите мрачни облачиња, бидејќи конечно во мене грее сонце. Седам, ги слушам Foo Foo Fighters и уживам.