Хммм... Убаво ми е... Некако се чуствувам специјално.... сепак не вреди на ваков ден да си тажен... И така ќе продолжи до крајот на денот?!... Да се надеваме...
Среќно. Денот ми почнува со 4 годишно срценце, и ќе ми заврши со него Преполнета со љубов за малото, со малце детска радост во себе ( до сега се бркавме, игравме со коцки, цртавме срциња, праевме шатор од ќебиња ) но сепак малце затната во носот
Баш ми е мило за тебе, убаво да си поминеш. Ние уште незнаеме кога ќе ни ги дават дипломите, можеби и ќе не зафркнат Јас денес сум целата скршена, ми дојде, умрев од болки, ми се спие...
Just a perfect day... Денес и официјално се запознав со една девојчица од форумов, и многу ми е драго што е така. Се знаевме де виртуелно, ама супер си поминавме на кафе. Се видов и со некој којшто многу, многу ми значи. Добив подарок од којшто нема да се разделам. Надвор е супер, дувка ветерче, а ние го средуваме дворчето. Едвај чекам се да се среди.
наспано и по малце досадно денот ми е некако без врска ама гори надеж во мене дека ќе се подобри - А, и откако се изнапазарив бекутани се чувствувам и по малку бебешки
ова е интересно...го знам чувството....веќе неколку пати да се вратам на темава....се чувствувам поспано, ненаспано, жешко и тешко....ај нид кофи
Многу нервозно Цел ден немам излегувано од дома, ќе полудам Досадно ми е, се врткам како ненормална низ куќа и се чудам што да правам. Бтв неможам да излезам под казна сум (можам ама само со мајками а несакам со неа ) СЕ МРАЗАМ!!!
прекрасно... прва ноќ помината кај него со гушкања, смеења хм и се останато. прекрасно најубавооооооооо
Магично,романтично,фантастично,релаксирано,ама и возбудено,опуштено,заводливо и многу,многу скокотливо! Мирисам на праски,малини,малце лубеница и диња,а и круши!Не се прашувајте како е возможно тоа,само со магија,до крај на есен и на домати и пиперки ќе мирисам!Среќа денес зимници не правев! Зачистив по куќи,жал ми е што не пијам кафенце,ама баш,баш во овој момент некаде во парк,а може и да водам љубов по парковски клупи,ама шта је ту је,се има уште време и за тоа,времево е убаво,ма прекрасно!И во зоолошка ќе имам време да отидам. Убаво ми е,а и позитивно! Со мрзата имам проблем во моментов,па затоа претплатникот не е достапен во моментов,бирајте подоцна,јас сум еве баш тука ......... http://www.youtube.com/watch?v=j5dRLPieKoE Си шлапкам со ноџињата во водата...после љубовта ме носи на вечера покрај океан,со факели и егзотична храна,а ноќите тука прилично се врели! А како тргна,утре со приватниот џет одам на Фиџи на коктели па и ти.Фиџи ко Фиџи,ништо посебно...