Опуштено до максимум Се одморив ептен и спремна сум за утре да си тргнам на работата. Некако почна да ми недостига
Убаво ама заморено и ..Иамв долга релација денеска низ град.Ама кога во таа релација спаѓа и..што спомна Гоу шоп, шоп, шопинг ...заморот и се ништо.
Лево Ако не знаете какво е ова, напрајте еден формат на мозокот и се ќе ви се разјасни Ах, се избудалив
Хм...некако дистанцирано,од секого и од се`.Со голема желба да си го прочистам мозоков од секакво ѓубре акомулирано во последниве неколку недели/месеци....не сум баш сигурна.Убаво би било и душава некако да си ја испразнам,или што и да ми остана од неа,но тоа е веќе too much to ask.Да не претерувам сега. На тераса сум и додека го вдишувам овој спарен,нечист и тежок августовски воздух,воопшто не сум сигурна дали сето ова што го гледам е нешто ново или се` си е по старо.Јас сум заглавена и секогаш барем еден дел од мене ќе биде заглавен во таа студена ноќ,но по се изгледа на времето кое е идиотски рамнодушно кон моето страдање тоа не му значи нешто посебно.Па така си ги сменува деновите,датумите,годишните времиња со една таква ноншалантност и леснотија,како тоа да е единственото нешто што знае да го прави.А богами и не знае друго. И најверојатно,без оглед на се` and so the story goes
Задоволно и среќно од тоа што крај себе во овие моменти имам личност што ме разбира, насмева и сака! личност што и кога ми е најтешко ми го осветлува срцето! НИКО, фала ти што постоиш за мене!!!
Денес е посебна приказна, пет пати ми се смени расположението. Станав нервозна , многу рано ме разбудија, па заспав и станав мамурна и уште ми се спиеше , потоа се смеев, после тоа опп мрзата ја снема и почнав да работам ко луда и сега сум максимално опуштена и смирена.
Уморно! И ми се јаде цел ден. Сега си чатувам со една швалерајска појава од мојот живот и грицкам кикирики. Кај и да е ќе си легнам...
Денес сум најсреќна и тоа со причина. Некако денот прексрасно ми заврши и утрото весело ми почна. Слатко си се смеам и устата не можам да ја затворам.Само се смеам.Ако подолго ќе си живеам
Ужасно! Преварено! Скршено! Не знам ни што да мислам појќе! Само чекам да дојт сатот 5 и да заминам па можеби ке ме утеши брачед ми...
Денес е добро. Оздравев. Само кашлам како да сум пред умирање... Ама ништо тоа... Конечно ќе излезам денес,после неколку дневен домашен притвор... Ќе се видам со сите мили и немили личности! И така..Се надевам на убав ден.. Среда,среќен ден!
Како пеперутка. Вљубено прасенце. Не ми здосадија ни 4 дена едноподруго покрај тебе, а очекував, таква сум си јас - брзо се презаситувам ... Or not Решив да позачистам , ама да не си ја преморувам душичката, овој месец ми е створен за уживање. Уживам, удобно ми е во сопствената кожа, мирисам на бебе, мирисам на тебе...