ПМС ми помина, а пропратната со него нервоза не... Само ми се плаче, ко отсутна сум, се шетам уште по пиџами, а треба да излегувам за саат ипол... го гледав преѓе Маричуи и на заклетвите што си ги дадоа плачев ко луда . И мешето ме боли... не можам да проценам дали е од менстурацијава или од што ми се јаде... почнав од денес да постам и само домати и краставици јадам. Многу обврски ме чекаат и тоа воопшто не ми се допаѓа... шалтери, возови, студентски прашања, усен испит... Впрочем има ли некој елан за работа или учење на ова пеколно време.
Евентуално!!! Не дека нешто баксузен ден петок 13ти ама многу глуп! Цел ден некоја мрза ме фатила, само лежам и јадам
Од времето - малку поспано и нормално мрзеливо (моето нови хоби - мрзливка) , но сепак се чувствувам среќно, задоволно, како маче кое моли за колаче, а добива и млекце со него Ете баш така.
во еден миг оптимист....во друг песимист....менувам расположение со брзина на светлината до кога вака.....до кога ќе се занесувам и ќе си правам илузии и филмчиња дека се ќе биде добро....а после за миг ќе се срушат и ме фаќа меланхонија и некои депресивни мисли.... уморна сум од од надевање, ете баш така ама не се откажувам така лесно....овој живот е вреден да се живее и мора да се искористи секоја секунда од него
Уморно, ама задоволно. Многу ми беше мило што едвај ја туркале работата без мене Само што сега јас имам купишта работа, па едвај постигам Инаку, полна сум со планови и се надевам ќе доживеат среќен крај
ееехххеее така ти е тоа драга моја, пишав нешто слично погре во друг мој пост, секогаш има некој најпаметен памет да соли, а ние секогаш за се сме криви...
Преморено, тажно, разочарано... се ме боли... глава, крајници, раката, ушите... ама не кажувам на никој ништо, ќе трпам, како што впрочем, отсекогаш требаше да правам...
Вајлд, што ти е мило? Кој те повреди? Немој никого да трпиш, бори се како што се бориш овде на форумов. Не дозволувај некој да те повредува.
Збркано.Толку многу работи во 2 часа ми изнакажаа и се збркав цела. Сепак и задоволна сум бидејќи ги изнервирав сите во кола за 1минута ај сеа да видат мене како ми е.
Денес...Онака. Ме разбудија уште во седум да носиме дрва,така да таму се запотив малку.. Ама ако... Онака се чувствувам.Синоќа пробав многу квалитетна германска цигара со вкус на ванила..Леле мори мајко! Е тоа е цигара...И така...Денов ништо посебно.. Ќе возам после ролери..Ќе се учам... И така.. Убав ден,девојки!