Моментално.. Безврска.. Немам определено некое посебно чувство посабајлечки. п.с. Тие девојки погоре што ме подржаа во мислењето сигурно знаат како се чувстувам..
Денес веќе не сум осамена како што бев вчера и завчера... бидејќи сношти си имав убава посета од драга личност што како и секогаш ме насмеа силно, ми покажа внимание и љубов... Штета што ми замина за викендов, но ќе ми се врати, пак ќе си играме тенис заедно, пак ќе се смееме, но за жал само до 20ти овој месец после пак ќе ми замине во неговиот дом, далеку од овде и ќе си чекам до зима а можеби и до наредното лето за да си го видам
Најсреќна дури не се сеќавам кога последен пат бев волку среќна...... тетка ке станам па не е мала работа
^^Оф..оди легни, одмори се... Мене белите дробови ми се воспалија, а и ладничка беше водата денес... Ќе треба да боледувам и да пијам чаеви, сред лето..
Денес се чувствувам мрзливо, ледено, помалку депресивно... Чувствувам дека имам потреба од нешто што ќе ја разбие монотонијата која ја чувствувам.
Силно кога си ја имам мојата војска покрај себе!Е моќна е...тоа си е,можат да позавидат. Мучача ми даде масажа на стапала.Фантастична е,очи ми отвори,уште икам од среќа! Тапанче заради гастрономски,безобразно убави задоволства. Милиот ми даде фина сопка во сред трговски...некое танцувачко свртување беше во прашање,ама зошто јас,овај нали,тапанче и намалена подвижност и тап,на задник!Утре паричка ќе си најдам таму!Ако некој ја најде,особено ако се евра во прашање,да знае дека се МОИ!!! Ми треба да го изгушкам,да ме изгушка и така спастрени и полни нежности да преплетеме ноџиња (лажам,топло ни е,бегаме еден од друг и висиме ко мајмуни на крајот од креветот,само во зима се туткаме) и да си спиеме.Никогаш доста од него...особено сега,кога чувствувам напредок,промени,а суштината е останата иста! Мислам дека ќе постигнам целосен мир и хармонија,ќе се чувствувам комплетно,тогаш кога ќе се спојат неколку моменти во еден,кога светот ќе ми биде огромно платно...кога ќе знае каде и е местото,кога ќе бидам во највисоката кула во мојот замок. Време е за промени...само некако не ми се дава напор,а бога ми и солидни пари за летни активности.Мееех...пораснав,изгледа не ми се интересни,па само изговори наоѓам.Никогаш парите,напорот,ниту мрзата биле во прашање,а ниту причина кога нешто вистински сум сакала да направам. Ми се учи...да,да...ми се учи.Ми треба мојата дисциплина и рутина. Смирено си враќам спомени во полузаспана состојба.Убави денови беа тоа...дива жена уште тогаш бев...трчав по туристичка боса во 5 сабајле за да одам кај тајната љубов без да знае ропакот.Еееех...дете,ама авантура од дете,башка бунтовник,башка алфа,башка кучка...смешно е. Убава,квалитетна вечер... Италијанска музика на репертоарот и време е за спиење. Лил...