Сама сум, сама, сама, сама, сама! И жалосни нешта воочувам. Доста ми е од учење, грешки, искуства. Сакам да бидам обична, здодевна, една од многуте. Ме боли веќе се`!
насмеанооооооооооооо убаво ми е бе некако ми се направи мерак....си се средија коцкичките подобро од што се надевав иако ме боли глава од сношти...малце мамурно....ама како да ми падна цела една планина од срцето....сите грижи и дилеми ги оставив на подиум и ги удавив во вотката проблемите
Убаво се чувствувам. Мирисот на косата, тенот, нежноста..прават да се чувствувам убаво. Преубаво. Но, да не заборавиме на настинката..А и жешко ми е. Неподносливо жешко.. Автомобили брмчат, малите деца се печат на сонцето, а јас сум затворена во собата..Нема базен денеска, нема базен, нема ладни пијалоци, нема..
Убаво, вчера си поминав прекрасно , испадна поубаво од очекуваното Не откривам повеќе детали може некој да ме препознае... Ќе кажам само дека и покрај тоа што си поминувам прекрасно летово, ме гони мислата дека уште малку ова уживање ќе почне да се скратува, и полека одморот и уживањето ќе прераснат во хмм погоден збор да најдам , во натпревар со самата себе, колку и за колку време ќе научам и какви резултати ќе постигнам, знам дека како и секогаш ќе давам се до себе. Како што изминуваа деновите до почетокот на распустот така среќата се повеќе растеше, како што доаѓаат деновите до крајот на распустот, среќата пак останува, ама не е истото чувство на слобода. Врзан си за книга ! и имаш даалеку повеќе поодговорни и позаморни обврски споредено со слатките обврси на лето(ако се смета за обврска седење до касно, прилкучување на интернет, пиење кафенце, шлапкање во вода, разладување итн.) Ех, лето, лето со душа те чекаме знаејќи дека барем малку ќе се одмориме од секојдневието...да траеше маалку повеќе , сега ќе ми биде мака што есента ќе те замени, ама секое време си има свои убавини... ние ќе те испратиме со насмевки и пак со насмевки ќе те пречекаме наредната година. Летната девојка Лукс испраќа најгооолем поздрав до сонцето.
Подуено (од менструацијата), збунето (поради кавгата со најдобриот другар), молчеливо (немам со кој да помуабетам, дома сум сама), непривлечно (поради тоа што сум подуена поради менструацијата, и кавгата со другар ми и тоа што молчам цел ден) Како скапана овошка се чувствувам. Се изнаредија глупи филмчиња на репертоарот, а јас уште им пркосам - па ги изгледав сите. Си ја гледам собата, куферот една недела уште нераспакуван од одмор, брееее што човек ќе бев , просто треба да се засрамам, а не се сТрамам од мојата хронична мрза. Мравки ќе почнат да ме лазат уште малку, јас уште и трошки расфрлам, гостопримливо си ги канам. Се' на се', пак убаво се чувствувам. Жена - каков чуден створ е тоа.
Мнооогу успешно И не само денес, целиов викенд. Денес едно чистење што сум дала, се надминав себе си! Сега на работа - да досредам тоа што треба, а после веројатно со саканиот и најмилите на кафе. А уште поверојатно во Мекдоналдс зошто ќе биде време за вечера, а децата не биле во мекдоналдс неколку дена, може да им стане нешто од недостаток на тост оброк во крвта. Страшно почнав да ги оптимизирам работиве. Сакав да се видам со другарка, а требаше и да купувам некои работи за дома за дома. Решение - со другарката на купување кај неа во мааало, во една продавница што работи до полниќ. Ги обожавам таквите. Средуваш по дома, легнуваш деца, и одиш да купуваш! Треба и бутици такви да направат. И ручекот почнав да го спојувам со гелдање луѓе, и онака нешто слабо сум по готвењето во последно време Бев и на кошарка вчера, многу сакам спортски настани. не дека сум не знам колку навлечена на кошарка, ама во сала како се крева адреналин, ау! Динамично, и обожавам кога е такво! А требаше да ме мавне ПМС... бреее, ни хормониве не се више тоа што беа Ајт сеа да си ја завршам работата, да не си ја расипам петката
Денес сум повредена како никогаш досега денес чувствувам дека го гледам крајот, а сепак тешко е... Никој така не ме повредил како ТОЈ денес... моето достоинство паѓа во вода ако простам ПАК!!!
Како да ме ставиле во тегла и ме вакуумирале! Немам воздух! Башка стомакот ме боли, потрошив 2 пакетчиња влошки, косата ми е ужасна... како да не сум јас.
Чудно. Ах,тој алкохол.... Што ми направи синоќа, да те немаше тебе не ќе трчев одма. Вооедно сум и среќна, после толку време... а и како да ми го нема достоинството, и цел ден се прашувам дали и тој го сваќа тоа како мене?!