Чудно. Во еден момент ми доаѓа да ја нурнам главата во големото кадифено мече на креветот и да ги пуштам солзите да течат, а во друг да се смеам и да блескам. Утре ме чекаат убави работи, камо среќа да не ме мрзеше сега да станам и да се одвлечкам да завршам некои обврски.
Уморно,прејадено.Ми се лоши од толку јадење,се сакаше од се да пробам... Нервозно,нестрпливо,разочарано,исплашено....
Омалаксано.. Ме боли глава, дури мислам дека и темп. имам. Од страв дека ќе се разболам пред школо.. не мерам Ми треба одмор, чувстувам дека имам преголеми подочњаци.
Уморна,ненаспана,нервозна,глава ме боли,стомак ме боли,значи овој пмс ме толчи покрај тоа што се нервирам за други работи,уште пмс на сето тоа и катастрофа
Од една страна среќна,насмеана,се е ок,а од другата страна тажна,се некои чудни мисли ми се вртат низ глава.. Половично среќна-половично тажна,изморена,спиење од 4 часа и мислам дека во секој момент ќе се онесвестам,жешко ми е,икам највеќе се нервирам кога икам зошто неможам да престанам.
Жешкоооо многу ми е жешко и поради тоа полека почнувам да се нервираам иако поднесувам топлина ова е претеризам !
Никако.Едвај дишам,кај од жешково,а повеќе од секојдневниве банални спрепки,напинања,натегања,преговарања,докажување....аман.Имам чувство дека одам по тенка жица и или ќе изгубам рамнотежа или таа ќе се скини.Трето нема.Уствари има,ама да скокнам и да се откажам не е мој стил,не за друго. Уморна сум од се`,а немам никакви емоции за ништо.Дури немам ни гнев,само тупа бесцелна болка си шета низ утробава,а згрченово лице прави невозможно да биде да се смеам.
Се разбудив со убаво чувство, се изнатинтрав, се издотерав, шампон, регенератор, пилинг, гел, крем, еден, друг!! Си ги направив ќефски пантолите бели. И чекав... чекав... чекав... ми се креваше притисокот... за на крај - на вечера со родителите!
цел ден сум на рехабилитација се удавив сношти во бунар ама оној со бело винце бунар ама некако убаво ми е периодов....динамично....фино се чувствувам но само МОМЕНТАЛНО, за понатака не гарантирам