Денес ...Мамурно... Испив така малку повеќе синоќа и... Сепак си поминав лудо!!! Алал да му е на диџеите! Ама затоа пак денес ќе ми биде најдолгиот ден во мојот живот...Од осум и пол сум станата...Не можам да спијам,го мислам проклетиот факултет...
Уште не знам, рано ми е Релаксирано, малку недоспано, чекам питата да бидне, да јадам и после да одам на кафе у комшии. Читам француска поезија периодов, ме прави романтична некако.
Сега за сега добро ми е..расположена...се надевам дека до крајот на денот нема да ми се смене расположението...
Се чувствувам глупаво... Како некој да ме издал! Имам чувство дека можеби никој не ме сака. Излегувам со друштвото и молчам. Секое нешто кое тие ќе го кажат е интересно и е зезанција, а се што јас ќе кажам е глупаво и се сваќа сериозно. Ќе пукнам!!! Ај барем крајов од летово да ми е убав и барем еден ден да поминам со Срцено...
Прекрасно. Наспана, одморена, насмеана. Не сакам баш недела, денот кога задолжително брмчи правосмукалка и сите по дома изигруваат Чиста Дана, но деновите некако ми се помешаа, па неделата не ја чувствувам така одвратна како порано. Меше полно овошје, нова книга до мене и си предам како маче.
Недефинирано.Не знам ниту самата како. Само што станав и сега Трендафилка ме потсети дека треба да чистам.........а не сакам