Едвај станав од кревет , не знам што ми беше .. како воз да ме прегазил буквално .. Дека шетав вчера многу , не шетав .. може до бурната ноќ завчера е ..
Денеска сум целата во прашалници и во искушение..........Чекам се збори за мене за ВработуВаЊе па Ќе видеме што ке испадне , ДАЈ БОЖЕ ЕДНШ ДА КРЕНАМ НА РАБОТАА
Утре полагам па сум нервозна. Плус, чекам да ми јават дали сум примена на работа. Нервоза од сите страни.
Зверка ти посакувам запослувајне дај боже да биде да ти тргне се напред во животот,сум била на тоа дереџе знам какое можам да те разберам.Денес ми е убаво ме држи расположението од синоќа многу убаво си поминав на свадбата на другарками,а јас како старејковица се покажав во право издание играв пеев и бев задоволна од мојот изглед прв пат се да си организирам и на време се да завршам без нервози.Почнува да ми се спие ама ќе издржам на работа сум до четири ипол.
Наспано, одморено, убаво. Ја снема омалаксаноста, иако сеуште малку ме боли стомак. Мора да се уозбилам и да станувам порано за максимално да ја искористам неделава за слободен живот што остана.
Ептен сум уморна, сеуште ме болат сите мускули од пливање-т.е. мрдање низ вода држејќи се за душек И се ме боли и од големите бранови кои ме удараа. И врз сето тоа, изнервирана многу, бидејќи една личност неможе да издржи некаде, и неможе да се соочи со проблемите што мисли дека ги има. Аман веќе од се, зарем еден ден да не можам да се опуштам целосно.
Конечно јадам нешто благо. За разлика од вчера подобро сум. Се правам со насмевка а болката ја оставив да сипе некаде длабоко во душата. Дури сега за мене почна летото кое штотуку завршува...за жал. Но направив некои планови и ќе видам како ќе се одвиваат па можно е некој наред ден да сум најсреќна... Тоа ми дава мотив да се смеам и надеж дека нешто убаво ќе се случи...
Па пренајсреќно. Во моментов,а пред тоа беше катастрофа.Важно сега мене ми е убаво. Ах пеперутки,пеперутки,весели,скокаат,летаат.
Како да се наоѓам среде ураган, гледам како се околу мене се врти, се крева високо и кога ќе помислам дека се исчезнало, отишло во неповрат.... луѓе и предмети се враќаат кон мене, како громови паѓаат пред мене, ме плашат, ме ежат, ме повредуваат... неможам ни лево ни десно...ни напред , ниту пак назад ...можам само да стојам , да гледам и да чекам...