Симнав еден голем товар од мене, така да се чуствувам лесно,полетно. Плус и социјалниот живот ми се средува полека-полека. Добро е да не се жалам.
Денес многу сум тажна уште сабајлечки вака....... А, и полна сум со негативна енергија и осеќам дека во теков на денов, обавезно ќе се спукам со некој
Како и секој ден , песимистички распожена без надеж за подобри денови ! Уште од утро станувам со мисла ...-"Ех не било само кошмар , тоа навистина е мојот живот ".
Вревастично )) Ми доаѓа да врискам, да пеам! Среќна сум. Колку само мали нешта знаат да го насмеат моево лице воспалено од менструални нервози ! И дефинитивно, треба да бидам гуру у иднина у Индија. Ќе ја нафурам водолијана да отидеме некад, мора. Трансценденти имам над главава, јухуу, рационалната чакра посине како вена наркоманска. Бу! Имам јас нешто плус у мене. Не знам само што! Убаво ми е.
Се смеам ко луда по сабајле.Добро имаше во текот на утрото мали така наречени незгоди,но ништо не се тие.
Среќно , го добив она за кое се борев и и` докажав на личноста која ме навреди и рече дека само таа ќе го има тоа дека ќе успеам. Јас никогаш не се откажувам од она што ми припаѓа. Убаво е кога ќе остварите победа, па макар и мала