Уфф .. подобро од вчера во секој случај . Вчера на штрек бев , сега товар како да си симнав . Не знам дали да правам француски , не сакам као пред некој ден да се изнервирам .. А да , и треба прашина да бришам
Требаше на плажа да се оди, ама ова августовско безобразно сонце ме отепа во поим! Сега не ми се излегува нигде. Се жалев самата на себеси пред некој ден дека ми фали љубов. Ете Матентето се понуди да ми подари мнооооооогу љубов, ама и тоа не ми чини. Има ли крај?
Хмм..за разлика од вчера многу подобро Решив повеќе нема да бидам иста Можеби многупати сум го кажала ова но никогаш не сум го исполнила Но од денес живеам по мои правила
Kako tempirana bomba! izvinete za latinicata ama celo vreme nesto me zeza ili net ili Mozilla ili ne znam sto vise!
Па болна сум ама веќе од оваа кашлица... не можам салам да прошетам низ град а не пак на друго место е така се чувствувам грдо болно осамено
Ииииј...почитувам искрени анализи и зборови,но да бидам искрена,не очекував дека некој ќе ми го прочита рефератот и дека ќе добијам коментар.Благодарам на одвоеното време! Проблемот е што...во вистинскиот живот,сум критичар,но конструктивен,често и премолчувам,низ постапки насочувам и мерам што ќе кажам,а на форумов,се што мислам кажувам,сум остра на јазик,битна разлика има...и со смирен тон сум саркастична и интересно е што,навистина не сум наметлива со сила,туку многу луѓе преќутно дозволуваат да се наметнам и да застанам на чело,многу од нив ги нервира фактот што јас можам,тие немаат храброст,немаат каде,па ајде,ама што е најтрагично,не дозволуваат до крај да се истера нештото,затоа што сепак ги фаќа инает,горделивост,ега и слично.А не сум џандар,ниту од каприци правам нешта,тивко набљудувам и оставам на времето,се додека увидам дека дефинитивно некои работи не се во ред и тогаш или отворено со избрани зборови критикувам или земам во свои раце и го правам на свој начин без да очекувам нешто од некого.Сум дружељубив тип,сум позитивна личност и знам да се шегувам на своја сметка,но сепак,нештата со жените не функционираат...да бев маж,може и ќе ме сакаа.За разлика од форумов,сум таа,но не сум толку многу отворена,туку смирена,едино кога одиме во добар провод сум најгласен член! Кој знае која е вистинската причина,но не е лошо и да живееш само со мажи во животот! Ти благодарам уште еднаш!
Се разочарав од една другарка, ама на крај се испадна тип-топ а моментално сум уморна,многу. И ко за инает си седам на пц
Лошо...полошо не може да биде.И ќе заминам некое време од компјутеров и феминава...Преку глава ми е да ширам негативна енергија на форумов. Се читаме за некое време.Поздрав.
Што знам, како да ќе ми се случи нешто интересно. Петок, Спасовден, ко што би рекла една моја колешка. Со другар ми сме црно и бело. Се пукнавме од смеење на Скајп. Ленка супер си прошла у Будва и прееска ја нервираа плускавците на нозете и моравме да си одиме. И ветив Цезар салата на ладовина некој ден, На сите им ветувам дека ќе ме видат, а јас си се чувам љубоморно за себе.
Онака, омалаксано, изморено, ненаспано, уништено...немам воља за ништо. Пак е празно..и чудно. Заспав читајќи роман, заспав, и го преспав цел ден, и нешто од вечерта...Сега ќе си останам дома. И се мразам себеси во вакви моменти! Ми треба шамар, озбилно и во моментов!