Никако.. го преспав цел ден, дома се испокарав и после немав волја за шетња. затоа утре надокнадувам за денов шо ми пројде толку безврска
Се ме боли, уморна сум, ми се плаче...се надевам на подобри денови!! Ајде утре нов ден, само да е подобар од денешниов!!
Еј ,па нема потреба од благодарност ,со задоволство коментирам на содржајни постови,мислам дека немаше воопшто да ми се заблагодаруваш попорано ,пред форумов да стане хаос,порано забележав владееше солидарност и вистинска размена на мислења додека не се зачленија ете така некои нервозни особи Што се однесува до твојот мал проблем,е да, можно е да си друга во реален живот друга на форумов тука поголема слобода уживаме поради приватноста,ти си знаеш најубаво ,па да баш така мислев како што спомна мн мал број луѓе посебно жени имаат храброст да плеснат се што имаат на ум повеќето се мица маца типичен женски примерок ама ај да не филозофирам....поздрав !
Море како сум била нервозна преска, ама еве лека полека се стабилизирам. Има да биде супер затоа што ЈАС така велам!
Катастрофа, за разлика од прееска малку подобро,незнам што ми требаше да одам до библиотека во жештинава,па уште со тетка ми од Америка под рака и ужас,па уште паметната јас влечев книги за да копирам како што ме занесе од жештинава,мислев ќе паднам, уште тоа требаше сега малку подобра сум,пијам сок,вода,вода...се полнам со течности како подуена сум и се ладам со климава домче,одмарам Па и ова времево какво е,жешко,па барем малце да заврнеше,сакам да врне и џабе, не врне,пече сонцено уф...
Се пробудив со мисла во глава ммм плажа =последица на чачкањето на нет до доцна ноќеска тури за јужниот ни сосед,аххх пари тие проклети без нив како риба на суво,а ми се ужива,сакам да ме служат барем 10 дена ,па цела година на сите јас им служам ете така сакам малку хедонистички да уживам и јас.....Кога легнав ноќеска осетив тапа болка на плешките грбот кичмата..помислив како би ми дошла една масажа ..почнав да си замислувам како ме масира некоја профи масерка па дури и стиската околу вратот почнав да ја чувствувам ,немаше веќе каде од толкава желба ,па со моево раче а ла френч маникуре си го стиснав вратчето два три пати и ајде на спање...Знам дека сум хаотична и целата конфузна на моменти,ама си имам мозоче во главчево ми големо,само незнам откај ја научив оваа наивност дали сум ја глумела долго долго време па веќе сум се внела во улогава Од душата зборувам од душата сакам и чувствувам ,тоа што сум сомничава пречесто не значи и дека сум злобна,нели?!Кога ми ги рече мр икс тие неколку реченици осетив олеснување и незнам незнам незнам зошто не си ги искористам шансите веќе еднаш,никој нема да ме стрела ако јавно кажам дека не чувствувам веќе ништо за него добога па не сум мажена!!!! Тоа е животот нели час се сакаш час пууп нема ништо веќе само спомени ...ухх ми се плаче кога размислувам за ова ми се вришти,него неее јас лојалното кутре па грижливата па ќе го жалам.....нема љубов овде веќе дами и господа немаа,има само кавги недоразбирања грешки од минатото ако не ништо др нема ни добар секс!а да не сум грешка....хммм нека ми се реши ова веќе еднаш нека се реши сакам конечно да сакам искрено а за возврат исто,со чисто досие ми се влага со чисто досие........Инаку сум добра ,добро се чувствувам за разлика од мин денови ме пушти настинкава конечно...добра сум
Немам веќе живци. Се е исто. А јас само дремам, пасивна сум како никогаш до сега, демек немоќна сум да променам ситуација. Гајле ми е веќе. Ќе си гледам за мене. И ќе променам веќе оваа гадна ситуација и со дечко и со се. Како што напиша beatris, па не ми е маж. И млада сум, незнам зошто толку му се плашам и си ја ограничувам слободата. Абе ајде. И веќе не одам на места што не ги сакам, и не правам работи што не ми одговарат. Однесувам се како слаба личност, немам контрола во животот. Лесно е да се жалам. Ама крај веќе, од денес се менувам! И јас сум крива, никој друг не ми е крив. Добро крива сум затоа што правам работи што не ги сакам поради други. Ццц ма каква глупача сум јас!
Преубаво. Само ако продолжам вака, изгледа дека ќе морам да пијам инсектицид за да ги тепам пеперуткиве.
Ментално Јас сум таа што измислува работи а тој ми е после крив. Неможам више така да ти правам. Ако ми простиш ке се средам, ти ветувам.
Јако. Само имам мал проблем. Сакам да си проживеам еден ден благословена во НЕзнаење. Не сакам да знам за проблемите на светот, за неправда, за немање, за груба, сурова реалност, сакам да си живеам во мој розов свет, каде што има виножита и пеперутки кои какаат сладолед. Да си јавнам еднорог и цел еден ден ветер да ми ја мрси долгата коса без екстензии, ич уво да не ме боли за животот каков што е , зашто во мојот свет ќе е совршен.