Мрзливко. Слушам канал 103, испарува пиво од мене, дремам и ќе си јадам чоколаден кроасан. Сама сум, уф, го обожавам овој дел од животот.
При првото одлепување на очињата, сфатив дека имам ужасна главоболка и си реков - продолжи да спиеш, не занесувај се. Сега ми е се' полно и рамно. Си ручкав, полно меше, ре-калкулирам што се' глупости направив вчера и многу ми е ќејф. Јас сум тинејџерка заробена во телото на 24 годишничка. Foo Fighters упорно инсистираат - Is someone getting the best, the best, the best, the best of you? и јас само викам Ма нека пукнам, ете дотолку сум среќна!
ЈАС? Убаво се чувствувам и покрај форумов.Порано идев овде да се расположам,сега идам расположена да се онерасположам.Хааа... И да..сакам форумов да се среди во наредниве 2 часа,а само од нас тоа зависи. Да се вратам на темата...Јас си се чувствувам најубаво последниве два дена е така да знаете.Никој ништо не ми можи,убаво е да си среќен
Никогаш подобро. Се повеќе се изненадувам сама себе. Колку добри реакции, кои се тотално нетипични за мене! Чуден е животот. Ама убав е. И покрај тоа што е како синусоида. И кога си доле, знаеш дека нема да е вечно. А сега... сега сум на врвот!!! И не ме интересира падот. Ќе мислам на тоа кога ќе дојде. Ништо не ме интересира!
Среќно ! Исполнето ! Моментално, ништо не ми фали, и не се жалам, него напротив.. Станувам нарцисоидна
Прекрасноооо! Денес решив да не дозволам ништо да ми го расипе расположението! Денес денот си го посветувам на самата себе си!
Изморено.Ми фали еден дооолг одмор.Очите ме болат многу,неможам да ги држам отворени.Ќе заврши брзо денов.