од сабајле работно а еве сеа се спремам, ми трепери во стомакот силно чуство како кога прв пат сте запознале некој. среќна сум, возбудена, весела и насмеана под голема еуфорија незнам зошто али имам голема трема цела треперам. оф можам мојте необјасниви чуства да ги везам до утре али доста е за сеа
^^^Мила Карак, се ќе биде во ред, ќе блескаш, го преплави форумов од чувства убави, дај боже да се заразни . Пак, и пак ти посакувам среќа Се чувствувам исполнето, среќно, по малку неволно заради огромните книги кои ги учам, ама сепак нешто ми дава надеж дека нема да биде страшно. Љубовта повторно ме опсипува...милото ми е нежно...до кога не знам, ама сега засега се губам во убавини. Па, крај краева, не може се да биде совршено. Утре ќе одам на шетање. Пак. Со убаво друштво, макар и за еден ден. Само да не ме уништи тетка ми оти на пола пат е... Убаво...се е убаво...
Носталгично....За се...За моите другарки,за едно сонце што ќе го испраќам во Франција на студии...За љубовта..Ми фали љубов...За себеси сум носталгична....
Се испразнив во темата ИСПУКАЈТЕ СЕ и сега ми малце полесно конечно една насмевка во последниве денови хаха
гадно............многу гадно.............неможам ќе пукнаааааааааааааамм......кога ќе бидам среќна јас.............
Сабајле кога ме разбуди татко ми, бев нервозна и ненаспана..Но набргу се смени тоа..И цел ден го поминав во исчекување на еден важен одговор од една личност..Но не дознав ништо..Ајде утре..Држете ми среќа да е позитивен... Инаку,сега се чувствувам опуштено, убаво и задоволно..Уживам на Фемина и се смеам
Многу уморно, а сепак насмеано. Препечена сум од сонцево, а и комарците ме изедоа, но не за џабе сум Вајлд Чајлд.
Задоволна со оглед на тоа што 5 дена поминав со прекрасна личност која многу ми значи, но ме растажува фактот што ќе мора сега од септември се поретко да се гледаме, ќе ја видам сега брзо, ама сакам секогаш да е покрај мене ! Ми иде да почнам да ронам крокодилски солзи , ама ветив дека нема да плачам.. затоа значи се чувствувам воздржано од налив на емоции со оглед на тоа кај и да е ќе ме затресе ПМС ако не е и веќе почнат ама сега за сега добро се држам. Станав рано денеска ама сеуште не ми се спие..