Со еден збор,одлично!Уште еден час и ќе одам да се избањкам и средам и ќе бидам најубава Одамна си немам посветено временце само за себе и за средување. Денес гледам позитивно на се! И така треба да продолжам.Животот не е розов туку црно бел,а тоа карактеризира падови и издигнувања.
Прејадено и мака ми е уфф поќе нема да се прејадувам ма колку и да сакало да ме дрма она вака тешко ми е, не за џабе поубаво се чувствувам со попразен стомак. Од друга срана сум многу среќна што пријатно ги изненадив моите и баба ми и дедо ми со моето шоферирање Даа! да, возев кола и морам да ви се пофалам не ми се излегуваше од неа за некој ден пак ќе возам, кога излегов од кола имав такво чувство на задоволство и самодовербата ми се покачи на уште поголемо ниво,како победник бе да како победник! Дедо ми ми вика па ти си шофер бе, знаеш да возиш, а мојот одговор - Ми се чини како цел живот да сум возела. Драга фемина тоолку се израдував што бев како мало дете на кое му купиле нова играчка И уште си сум, сега се читам овде и гледам уште така се радувам, душичка бе душичка. Поздрав од Лукс - Шофериште
Ми доаѓа да плачам од среќа, eте така се чувствувам. People change, things go wrong, shit happens, but life goes on. Секогаш е така.
Како да се менувам. Во друга форма, боја. Налудничаво, скроз. Страв ми е дека пак ме чека некоја фурија од емоции, а некако накај тоа ми иде Септември, интуитивно знам дека ќе ми смени милион перцепции. Постојано пишувам, прстиве ми се неверојатно спори во однос на идеите и визиите што ми се во глава. Си ја предизвикувам судбината деновиве, знам. Многу чукнати моменти ми се дешаваат. Молам само, со кренат меч, а не спуштен, како што ми е на аватаров, да ги дочекам молњите. Пресилна сум за да се случат млаки нешта. А ти... Мој пријателе... Ме познаваш без да ме знаеш. Ранлива сум. Ете, сменета, ранлива. Море, не само денес, периодов ми е таков. И уживам, зошто откривам нов дел од себе.
Мртва уморна, истрошена енергија, уште пред да почне денот. Но сепак заблеска, ми се отвори нова романтика, сфатив дека не е се така црвено како што изгледа . сега треба да одморам, да не ми биде утре денот...жалосен и веќе мртов
ми летаат пеперутки во стомачето, среќно, расположено, облеано со топлина наречена љубов, крвта ми врие, адреналинот ми расте. се чуствував претопена во креветот кој го делевме двајцата, цел ден со кратки паузи за чекање на гости го имам она чуство на вишок енергија ми се вика!!!!! ех како не сум на планина да се изнатрцам и да се развикам те сакаммммммммммммм ме направи најсреќна. е тоа е моето чуство за денес