па така е се смени времето и мене сите коски почнаа да ме болат....аман......не можам да се движам каде ми е бастунот.....
Денес се чувствувам убава.Ми дојде убаво што го облеков ова фустанче.Некако ме направи попривлечна И секако среќна за промените на фемина.Посебно за лајковите хахаххах се шалам
Моментално се чувствувам како иден Кристифор Колумбо зошто мислам дека кога ќе го најдам потписот ќе ја откријам Америка
Ужасноооо! Главата ме болеше, не ми се спастираше, ми се шеташе а немаше со кого... Ме изнервира некој и на крај конечно излегов!
Како пролет. Да,знам дека иде есен,но моментално си се чувствувам така свежо,миризливо,неоптеретено и со желба да променам милион нешта.Сакам промени,и овдешниве на форумов ги поздравувам и ги лајкувам,но и генерално во животот.А можеби и време е промените да ме засакаат мене. Знам дека сум силна,но открив дека сум изгубила уште една драгоцена особина-трпението.Ми фали ужасно.Ќе ми треба време да се привикнам на новата нетрпелива јас. Како и да е,периодов ми е регенерирачки и немам никакво право да се жалам.
Е како де? Измешани чувства... понеделнички, како почеток на нешто ново... со носталгија ја разгледувам и празнам мојата мала собичка, местото каде што се кријат моите тајни, местото каде сум исплакала прилично солзи за минати љубови, местото каде што никој не може да продре во моите сништа... уште некој ден како девојка без обврски, за наскоро статусот да ми се промени... ех, и не е така лесно, а мислев дека нема да имам проблем. Си признавам, ќе ми фали моето собиче, моите родители, мојот град... ќе ми недостига мојата оаза, она место каде што можам да побегнам од се и да ја испразнам душава, за потоа пак да се вратам во реалноста со насмевка на лицево... ама верувам и знам дека убав живот ме очекува... зошто па да не? Имам се што сакам, ништо повеќе и не ми треба.
Фино, фино. Иако сум со 3 часа сон, сепак имав сила да го изнашетам цел Центар и да продолжам накај Карпош.Малку изморена сум, но сепак задоволна, бидејќи најдов што сакав.
овој свеж мирис пе навраќа на минатото,еххх кога си бирав тетраткички за на училиште,кога ги разгледував новите книгу ахххх колку ли сакам да се врати времето
Душо не се секирај , ќе го видеш еее ти пааа ајде насмеј се и мани ги тие лоши мисли !! Јас се радувам шо заладува