Дури сега ја победив мрзата, ми дојде една енергија излгледа од водата ќе да е ! Да видам што ќе се случи со нашата ни мила тема и заминувам од овде право на суредување, па утре ме чека спремање за школо, подготовки, затоа да си потсредам и бирото со се фиоки иако средени си се, ама да се направи треба простор за други книги. Лукс која ја избрка мрзата се чувствува како победник сега за сега и оди да му се спротистави на нередот кој што ќе започне ако не се погрижи. И да ќе бидам брзата птица итрица ама и ќе треба се полека да правам да не би разбудила некого оти после тешко мене ќе биде
Денес...многу исполнето,поготово дека се видов со луѓето кои многу ми значат а беа до скоро надвор од нашава земја
Како дел од прашината, ситна честичка, незабележителна. Ме заболува главата, одвреме навреме, значи ќе се смени времето, на подобро или на полошо, не знам. И се исповедав на една за мене многу драга личност, па ми олесна на душата. Ме фаќа носталгија, носталгија за летото, за распустот..Се чувствувам како воопшто да не сум го осетила распустот, можностите кои што ги имав..Не се наспав како човек, а си ветив дека првото што ќе го направам е, ќе се наспијам добро. За прв пат прекршив ветување, ветување дадено кон самата себеси... И не ми се оди на училиште, воопшто. После се, изгледа дека забранетото е послатко. И девојче сум, ама мразам сјајеви за усни.
Замислете како играте некоја игра во Која мора да пазите да не ве смачкаат. И замислите како во таа игра одеднаш ... ве газат. ве газат и ве газат додека ви се смачи од се. Ете така се чуствувам.И ке се чуствувам подолго време.
Денес одлично се чувствувам само се надевам дека времево нема да го расипе моето расположение бидејќи малку е облачно
Никако! Малку сум изнервирана, ми се плчит, ми требит некој да ме гушнит силно и нежно... Да молчам и да плачам! Не можам повеќе!
Катакомба немој да се нервираш, еве ти испраќам гушкањее ____________ Станав пред можеби саат и пол и имам чувство како времево да ме претицува т.е многу брзо ми лета/или форумов е крив дека вака подновен па не го сеќавам времево. Се чувстувам како на трки, треба да станам од овде и да се фрлам во напад, имам некои обврси кои ме чекаат, ама времето не ме чека... <---------
Како пред тест. Растевожено некако. Ладно ми е и имам некое непријатно чуство во стомакот. Аман веќе!
Хм..не сум најдобра во искажување на чуства али би рекла дека денеска ми е монотоно..Како и секогаш..Ништо не се случува се очекува нешто али не се случува..ххаха кој би можел да ме разбери
Срце морав да ти пишам..гледам цело време се нервираш и дробиш.Не вреди..џабе е,престани да го бараш..игнорирај го,олади си го главчето,најди занимација..преокупирај се со тоа што сакаш да правиш...уживај.Тркалото се врти верувај! Ќе те побара сам.Затоа ајде избриши ги солзите,погледни во сонцето и насмевни се.