Збунето. Збункава почна сношти и еве уште ме држи. Истовремено сум и револтирана, бесна, тажна, љубоморна... Има ли крај на листава?
како средношколка убаво ми е, прекрасно ми е. сега ќе одам една закуска ќе си мавнам и одам на кафица со една другарка
Mе уби интернетот паѓа на секоја минута! Дали и некоја од вас што користи макс адсл има ваков проблем попладнево?? Аааааааааааааааахххххх ме полуде!!!
Празно.За речиси се што се случува ми е сеедно.Рамнодушна сум.И сеуште има траги од разочарувањето од пред некој ден.
Луцидно,за промена,широко отворени очи. Исцрпено,труење,па стомачен вирус...тенка сум,се ми е преголемо,си викам,па добро,тоа ми гарантира мрснотии во наредниов период,грумански екстази и уживања.Сликата е прилично неубава,со акцент на карлична и клучна коска,а кога ќе се сетам кое беше расположението на почетокот на летото... Уживам некоја удобност која нуди пуканки,сексот и градот,топол кревет.Некако преседов дома доста,но сеуште чувствувам благ умор од светот,па дури и од најмилите.Телото,кармата или не знам што ми го даде тоа што очајно ми требаше,но на најинванзивен начин,како беше она,кад нечеш милом,ондак силом.Тенкју на шоидае,присилно ме легна и помеѓу две повраќања ме натера да размислувам и да смислам. Се фаќам себе си во луди,но логични мисли.Решив ќе запишувам... Наоружана сум со себе,уште малце па до заби.Тоа ми требаше. А промените се очигледни,генерално владее спокој,но сум човек,па ме мава по некоја емоција повремено,што е во ред,но пред се,флексибилноста како гума малце ја укрутив и повеќе грабам за себе,а воедно сум и поцврста повеќе од било кога,а разгалувањето на себе ми е редовна рутина.Не можам да сакам друг повеќе од себе,тоа е јасно,а на тој што не му одговара слободно нека си оди.Никој не те сака кога си среќен,особено жените. Оној бес и гнев,наскоро ќе бидат ослободен,просто ќе поминат низ мене и ќе треснат некого по глава.Подобро да си знаат,отколку да кулминира и вечно да ги мразам и да ми избие во рак на нешто,но,но,но...тоа не е за мене,јас сакам чисти сметки,не знам да се помирувам кога знам дека има простор за многу повеќе.Многу се радувам на тој момент...морам некои луѓе да ги тргнам од животов додека е време.Енергетски цицачи,паразити,идиоти,ниски форми на живот... Не дека ова беше резултат на билансната црта помеѓу тие двете повраќања,туку на ситуации пред тие моменти...не се случуваат промени за една недела,месеци биле во прашање бре,а јас сега гледам,ококотена сум. Промени на кои одамна се надевав,но нема простор за сите тука,а и нема потреба...мои си се,јас им се радувам. Свежичково време ме враќа кај некои луѓе кои знам дека не смеат да бидат покрај мене...подобро е за сите и мир на небото.Малку тие мисли ме прават романтична и меланхолична...сепак,подобро е вака,ако е поинаку,константно ќе бидам романтична,меланхолична и скроз несреќна и неисполнета,колку и да е интересно по некогаш... Никогаш не сум сакала српски,лигави,без везе песни,а уште помалку на Четкович,Чешелович или не знам кој,ама оваа некако...ме освои,нежна е,ама мислам дека повеќе е до спотот.Сонувам за такви места,како крајна дестинација со моментот човек во мојата биографија кога ќе имам побелени влакна низ косата. http://www.youtube.com/watch?v=Zkan62HvfTc
Чувствувам дека сеуште сум на распуст. Но во мене се пали некоја мисла за тоа како ќе ја поминам оваа учебна година. Сакам мотивација за да учам. Сакам добри и пријатни професори, нејќам намчори... Се смеам, а ми се плаче. Не мислам...но сепак мислам. Шетам покрај езеро и мислам... Колку е убаво! Зошто не биде уште поубаво? Зошто некои луѓе знаат да те повредат и да заминат од нашиот живот? Зошто животот е ваков? Пробај да го промениш и ќе биде ПОДОБРО!
Можеби се заљубувам едно знам ,страшно ми се допаѓа тоа што знае да биде шармантен и сурово искрен, храбар.див,по малку луд,премногу горделив, егоцентричен,алфа мажјак. за таков сонувам.а јас твоја спротивност, како оган и лед.Премногу сме различни ние но сепак ете...чудно битие сум јас . има една песна јас сум облак ,а ти си ветер пред бура.Да тоа си,ТИ успеа да ми ја разбрануваш душава ...или можеби сакам предизвици...
како и времево каде и да сум во кревет да сум. одвај издржав на работа оф мора ли секој ден да работиме ајде ќе издржиш и ќе бидеш јака тоа ми е мотото. а за награда еден бакнеш од мажулето. да и он ме направи за момент среќна сакам кога поминува со изговор само да те бакнам и си одам. ги сакам тие 2-3 брзински бакнежи прегратка од која ако се однесува до мене не би го пуштила просто се растопувам која ли магија ја има во тој човек, не секогаш али често се прашувам. и на крај легнав од умор оф и не да спиев се преспав паднав и јас како времево и мечките во зимски сон ех а далеку е зимата ... станав поспана се освестувам на феминка а само кога ќе ми текнедека уште ми се спие и чекам да се средам и право се враќам во креветот кој се надевам ке ми остане топол.
Се чувствувам глупаво. Знаев дека е точно, а се мамев себеси дека потајно не е така. И на крај имам задни намери, без осет сум. Абре за ќотек! Едната ЈАС на другата ЈАС и предава лекции за морал.
Супер...се додека не слушнав грда вест...бебињата што се раѓаат во нашава ни мила државичка се осудени на безкорисни лекари и безгрижни сестри...сега како ќе го погледнам во очи од што ми е грев...се ми е тажно сега...
се наежив од веста ама незнам за што се работе,кажувај или да не бидеме оффтопик прати ми лична порака.....поздрав јас се чувствувам замрзнато бррррррррр
Морам да ја променам таа навика да правам скандали, сцени, испади. Али многу често ми се случуваат невољи и така малку сум избувлива личност. Си ја мразам косата, значи тотално ја уништив. Ќе треба минимум една година за да ми се оправи и да ми порасне степенот. Сега пак ќе си купам пивски квасец и конечно ќе си купам б-ампули. Многу сум уморна и многу ми е ладно. Потиштена сум и нервозна. Ме убива оваа менструацијата.