Смрзнато...Па што време е ова..некако многу рано ми дојде..неочекуваноо.. Да потенцирам не сум зиморлива....само се уште не сакам да се облекувам со долги ракави..
Денес ама ептен грдо се чувствувам (не е без причина) и не сакам никогаш повеќе да ми се повтори денешниов ден и расположение и наскоро да се навикнам на новиве работи шо не ми се свиѓаат ама ич ама морам тоа е не е до мене и пак да си бидам весела и среќна
Заспана сум цела, но ќе издржам и готово. Нозете уште малку и негде ќе си ги загубам, готово откажаа. Неможам никако да одам со патики ради плускавецот грд. Иако не сум баш во најдобро светло, се обидувам да се расположам со домашното мое диско.
Како и вчера и завчера. Наспана, одморена , ама пак некако како нешто од внатре да ме јаде. Не знам во што е работата. Физички и психички паѓам после 8 часот, ништо не сакам да правам, би можела само да лежам и да зјапам во таван... Сега сум одлично, дури се размилсувам и да излезам да прошетам. Ова времево како да ме спрема за зима, па сега се навикнувам , иако малку нагломи дојде. МРАЗАМ ЗИМА!!!
Ненаспана... што дека заспав уште во 11 синоќа, кога ноќеска после три саат се разбудив и не спиев до зори... ух... фрка, хаос, еуфорија, носталгија, среќа, љубов, тага, осаменост... се ми е некако измешано... ми велат најубав ден во животот ти е денот на свадбата, јас велам не. Е како не? Па така - сите денови после свадбата треба да бидат уште поубави. И ќе бидат!
Денов многу убаво ми започна , СУПЕР се чувствувам Се надевам дека цел ден ќе трае убавото расположеине