Како се чувствувам денес? Можам да кажам со еден збор-прекрасно! Се ми е прекрасно и мислам олку среќа не ќе е на арно Душата ми е исполнета,срцето задоволено.Трчев прееска со дечко ми и се чувствував како мало дете,баш онака го добив истото чувство кога играв штрк бара боја во маало кај баба ми.Убаво беше...Некои интересни работи од раното детство ми дојдоа во глава,прекрасни спомени и чувства ми се испомешаа.Изгледа пораснав,не доволно ама ете...Сега се само спомени и не можам да ги вратам. Сега се чудам на тогашниот памет,колку сум била среќна и не сум имала никакви грижи.А сега,и сега немам некои големи ама сепак ете...Ми пишува во хороскоп полека ќе сум ја вратела гордоста и сите ќе ме почитувале многу.И мило ми е за тоа,знаете? Мило ми е ако вие ме почитувате и мило ми е ако ме почитуваат луѓето околу мене.Почитта од другите најмногу ми значи.Се разнежнив малку...Простете.Убав е денов,афтер ол...Чекам да излезам сега,се надевам добро ќе биде. Поздрав
Е сега сватив дека ми почнаја школските обврски. И ми се чини дека цела година само бројки ќе сонвам. Сепак е подобро од вчера. Мислам, не мислам... Не сакам! Можам! Јас сум ова што сум! На кого му чинам арно, на кого не уште поарно!
малку нервозно на работа и напнато. но едно си реков денес е мој ден и не дозволувам никави будали да ми го расипат денот кој за мене е посебен. си ги сакам родендените и сум си нај нај нај среќна. лебдам со ветренцето кое пирка и се претопувам во секавањето како си поминав денес. оо топ топ топ
Денеска прекрасно исполнет ден со адреналин,насмевка,пријатни луѓе,мн мотори и ветер во коса... но еххх да можам да го прасам дедо Боже ...кога да си ги очекувам пак солзите? Бидејки знам еден,ден еден миг поминат со насмевка ми ги наплака со мн денови солзи и тага..
Моментално се чуствувам носталгично..Ми фалат многу личности,моменти...а се што имам се само спомени...
Се чувствувам...онака...ми се пие кафе со некој ,а на никој не му се доаѓа по дождов ,и затоа прилично ми е досадно
Како скисната краставичка. ПОдобра асоцијација немав! Едвај чекам да ми дојде друштво, па да губам време. Денов нека ми помине побрзо!!!
Со дождов дојде и мојата менструција и се чувствувам многу влажно ама и ладно, ми студи во две минути 5 пати кивнав , само да не е некој грип . Си се подновив вчера малку, ама им имав фрлено око од пред некое време. Од една страна не сакам да заврши денов дека се ближи понеделник, а од друга страна сакам да заврши за утре да биде исушена водата и конечно да си го остварам планот што ми се поремети од дождов. Дожду те замолувам ПРЕСТАНИ ! да не земам сега фен и да почнам да ги сушам улицине Имам се, ама ми фали, ми фали љубов бре(од припадник на спротивниот пол) прекрасно е чувството кога сакаш и си сакан, нема нешто по магично кога даваш љубов и ти даваат. Сакајте се луѓе ...
Какво време такво расположение... Не се чувствувам баш најдобро. И мене како на Лукс ми фали љубов... И малку разбирање тоа е се.
Никако! Дождови! Црвени дождови! Се‘ е во знакот на дождот денеска. И времево жали заедно со мене. Ах веќе нека се поправи, да ги почувствувам тие води на моите колкови бар уште еднаш.
Убаво. Мирис на печено коковче и варена пченка се шири низ мојот дом, јас вечно по пижами, се истегнувам и читам секакви глупаштилаци - тука, на литературниот форум, на фејсбук. Многу ме боли кога некој ќе рече - многу е лесно да си cool во виртуелниот свет. Е не е бе, не е ! Како јас се налетувам на не-cool, исфрустрирани дечиња? Мојата потсвест си игра чудни ментални игрички со мојот здрав разум, и сака да ме дотера во ќоше! Не и се давам. Одам по фарба, ќе бидам плавуша барем уште 3 наредни недели. Ако сега се потемнам, ќе треба официјално да признаам дека есента пристигнала. А нејќум да признавам, барем не додека не помине Пиволенд. напомена: Еднаш мислам кажав, ама ќе кажам пак, при изборот на фарба, ако се двоумите меѓу две, секогаш избирајте ја онаа со погрдата тетка на сликата. Генерално излегуваат поубаво. Докажано