Епа денес среќно,иморено,лудо Иако почетокот на денот не беше баш таков... Ама подоцна се се среди Па неможе секој ден да се чуствувам растревожено......
Денес се чувствувам променливо... Како и времето! премногу изморено, преработено, сега ми е ладно, а многу ми се спие... Прстите ме болат од работа, аххх... колку тешко се вадат пари Барем исплатен ми е трудот! Барем сум здрава! Си мислам... Лани си велев “ќе идам, ќе работам и јас, само да можам да станам од креветов!“ Ама не можев... сеќавањето на минатогодишните денови од овој месец се многу тешки и ме следат... Ајде Оззи, храбро! уште малку и ќе заспиеш, ќе се одмориш малку...
Олабавено. Си бев кај тетка ми на ручек, спиев на полско креветче после јадење, се изнаспав ко бебе и сега дома се средувам, идам на коктели со моето трио Фантастико! Кабадајката ни се врати од Немачка, мора да залиеме... Супер ден. Само да немав толку меѓуножни желанија, ќе беше поубаво
малце уморно, цел викенд шетав...а и за вечерва имав покана, ама немам пари и убаво ми е...средувам мисли и впечатоци, исполнета ми беше цела недела, а и за наредната имам обврски.....сега чувствувам дека ми е ладно - седам со мокра коса на фемина, а вратата од балкон ми е отворена....
денеска се осекам глупаво понеделнички и главата ме боли имам премногу работа и на овај досаден фб нема ништо,се е глупаво
Возбудено, заради многуте обврски што ми дојдоа некако наеднаш. Сеуште неможам да се одвикнам од идејата дека помина летото, а со него и опуштеноста, дека сега ќе има, а и има многу повеќе обврски. И како и секогаш под притисок, јас прво се релаксирам (еве на Фемина во моментов), за да после се затрупам со работа. А сакав денес да одам на шопинг, но ќе мора да го одложам за некој ден! Како и да е, убаво е чувството кога нешто се бара од тебе, кога некој ти дал доверба да завршиш одредена задача. Сепак предизвик е. И пак учење... Ахх цел живот е училиште. А мислев дека сум завршила со учењето кога ми ги дадода тутурутката и шалчето. Во целост - - - Убаво!
Исполнета сум само со позитивна енергија. Од часот сум станата и ко вампири со мајка ми до 6:30 сабајле сме се смееле. Денот ми почна со смеа и изгледа ќе заврши исто.
Убаво се чувствувам моментално, иако знам дека до крајов на денов ќе се разочарам. Не размислувам песимистички туку гледам реално.
Па понеделник и неочекував дека ќе ми биде ваков.. Среќен Се на се се чувствувам среќна, исполнета. Исполнета со радост, љубов. Како што би кажале, сите овци ми се на ред, и така е сеа кај мене, ништо не ми фали ( само една дремка ) и се ќе биде Окееј
Воопшто не се чувствувам убаво Главата ме боли, имав мала расправија со дечко ми, се надевам дека брзо ќе ми помине
Добро, солидно, после слипинг пауза сум како зашеметена и само ќутам сега едно кафе ќе среди работа. Пишувам ама некако рацеве ми се вкрстуваат на тастатура, ме фатила некоја мрза за пишување, и не знам како поинаку со други зборови да искажам како се чувствувам. За повеќе работи различно, ама во глобала солидно, задоволна сум скоро од повеќето работи, ама пак чекам некои коцкички, се надевам и тие ќе си дојдат на место. Одам да ставам да се вари вода.(колку корисна информација за оф топик сори )