Добро е. За едно нешто го сменив паметот ама за друго си остана ист. Ах леле... некој декој ден ке си ја тупам глата ама ајде...
Суперр...хронично ненаспана Не може да биде подобро Па и не е толку лошо,само што цел ден сум расеана и цела сум разбркана Утре ќе биде подобро .....Оуу јеа
како да имам две глави....ваква сум рацете и нозете сами откажуваат послушност....уморни се а оваа црвенава тетка тече ли тече....како крава се чувствувам се префорсирав денеска, ама затоа утре цел ден ќе се рехабилитирам и ќе кулирам и не примам повици и несакам да ми наметнуваат непланирани обврски
Убаво и смирено. Со мајка ми и татко ми решивме еден проблем, и сега се чувствувам лесно и релаксирано камо среќа сите проблеми да се решаваат така лесно..
Како крпата за бришење прашина. Убава е и корисна додека ти треба, а потоа стои збуткана под мијалникот се до следната употреба. Владее огромна збрка. Утре треба да станам рано, да ги гледам истите ликови и да ги слушам истите приказни. Не можам повеќе.
Ех како... Јако Се занесував цел ден со супичка и салата, за да кога се вратам, му се џитнам на дел од ручекот , па уште да не е малку демек - 2 парчишта кашкавал досеков! Абре каде со овој памет, брееееј ќе си умрам со тие 5 кг + ! Деновите ми се сите исти, дури и се зачудив зошто наместо еден , ќе имало два неработни дена неделава, а уште позачудено трепкав со очињата додека сите околу мене се радуваа ко луди! Изгледа имам заборавено како е да се оди на работа, па сега ми е сеедно. Си шмркнав едно коктелче, се скарав на скајп, се смирив на телефон, се тешам со банџи, плачам на спотче, мочкам врз вц шоља, живеам за да водам љубов... ХАОТИЧНО, ете така се чувствувам!
Некоја романтика чудна ме фаќа.... до песниве е. Пиев кафе, сега чекам малиот да ми свари уште едно. Олку кафе во живот ми се нема пиено. Ахх... живот. Убавини.
Стабилно. Пиев чај од невен сабајле, пуштив машина, со татко ми печевме пиперки, сега штотуку јадев со сите најблиски на маса, и се чувствувам дека припаѓам, дома. Со своите. Лежам на кревет, ме дувка ветре од отворениот прозорец, јадам чоколадо со лешници и воопшто не се замарам со ништо и никој. Време е за самата себе. Вчера бев на роденден кај момакот на водолијата, у Хавана и шуто и рогато... Кад је гага и киселина је блага, нели! Планирам вечер после работа, да истрчам малку на Кеј, да си купам Теа Модерна и да заспијам сонувајќи нешта што јас ги сакам. Дотичниот ме игнорира, знам дека тоа му е тактика. Му пишав порака да ме чува, можда се уплашил Ете, чувства еден куп...