Сакам да постои некој на кој ќе му е потребна мојата љубов. Не, не мора тој многу да ме сака, ама да ми дозволи јас него да го сакам, да лудувам по него. Да го гушкам, бацувам, да ме држе за рака, да се смеам со него. Барам шанса некој да ми дозволи да го направам среќна. Ќе бидам мирна и верна. Еве ветувам дека не правам повеќе сцени и испади. Пробувам да расчистам со минатото. Многу е тешко, посебно кога треба да заборавиш многу луѓе, оние кои што те повредиле, а ти многу ги сакаш. Се борам против самата себе, али за првпат ќе бидам силна и решителна. Време лечи се. Јас сум сега среќна, здоволна и исполнета. Ако се вратат тие истите во мојот живот повторно ќе бидам онаа истата, слаба, без никаква самодоверба и многу наивна. Ова е нов почеток. Јас ќе инвестирам во себе, ќе се сакам себе, додека не посака некој друг да го љубам...
Наспана,убаво расположена...но сеуште затната и со нос како чешма... А,и ќе заборавев...како и секој ден - најзаљубена
и зш пак ме фатија крајниците кога ги оперирав пред година две??? лошоооо, мн лошоооо температура и воспалени крајници
Кога има сонце на сите им е сончево Расположението ми е подобро од претходните денови. Имам доста енергија, треба само да најдам на што да ја трошам.
Станата од 7 сабајле, со насмевка од уво до уво и релаксирано. Денес е неработен ден, ама мене не ми прави разлика, сите денови ми се исти. Освен кога морам нешто да купувам, а не работат продавниците. Ама, има време за тоа. Вчера се видов со мои драги луѓе, се шетавме со либето, си уплативме за одмор кај што сакавме и ете, едно гајле помалку. И да... си го видов и пробав фустанот, првпат. Супер е, фала му на Бога, баш се думав дали ќе го погодат, како што сум терсене за шиење. Само уште деталите фалат, но за тоа ќе морам да почекам, дури до понеделник. Не ми е проблем. Се друго е решено, барем мислам дека е. Се изнасмеав на нечии нереални побарувања... си мислат кој знае кај живееме, па ова е Македонија. Ама, Скопско и се е можно така ли беше?
Се чувствувам одвратно.Цело време туку дробам нешто низ уста,ја мастам косата,пијам вода,ме боли главата па и уште седам на компјутер. Дома никаква еуфорија,сите поспани,негативна енергија ми се шири дома.Едвај чекам да излезам.Се надевам на подобро утре.Немам ни инспирација за постови,немам инспирација за поезија,ништо! Ваков скапан ден не сум имала одамна.Ајде мамо станувај да се лакираме,многу е досадно
Исто како во постовите на Розе и на Багуфче. Исто. Меланхолија ме мавнала. Празник? Кој празник? Држава. Која држава? Не верувам во неа како поим, не верувам во Богови, ниту виленки, ниту ѕвезден прав, ниту ништо. На раб на страшна депресија сум. Може и ќе си поплачам подоцна.
ми испадна брунче на брадутчето и се изнервирав баш сега кога треба да тргниме на фак....ќе се згрднам
поспана... истрошена (дечко ми ептен ме истроши) и не ми е гајле сега што сум ваква оти сето ова е резултат на синоќашната бурна ноќ уффф ми фалеше таква вечер