убаво...чисто....бањато уште испарувам се бањав со жешка вода и купатилото го направив цело со пареа, кога излегов како специјален ефект магла имаше околу мене си ја завршив домашната задача за денес на форумов и сега мирно ќе спијам правам некои планови за дружење ама не зависат од мене....којзнае што ќе биде не дозволив денес некои ситници да ме изнервираат и се радувам што е така чувствувам потреба од НЕКОЈ незнам како да го опишам тоа, ретко се случува ама да ми фали мојата посилна половина се надевам ќе ме најде што поскоро, зошто јас одмарам од потрагата му препуштив нему да ме пронајде
Убаво, прекрасно. Среќно, ќе полетам од среќа. А за сето тоа се виновни, нечии прекрасни очи, и нечија прекрасна насмевка и добро однесување. Ништо посебно, барем ми го разубави денот. Па добро, а и самата сум си виновна за тоа, заборавив на се. Се израдував ко 5 годишно дете, па што, баш убаво си поминав. А и хороскопов ми е добар, се молам за да се исполни. Е тогаш, навистина ќе летам од среќа.
Не знам дали има збор за моево расположение. Одвратно. Преспана сум, ама уште сакам да лежам. Имам енергија, ама се ме мрзи. Испив бокал кафе и чекам да дејствува.
Од сабајле убаво расположено...Потоа нервозно и сакав да избегам од дома Возев велосипед, слушав депресивна музика и добив порака која ми го разубави денот. Добив брачеда! Па си бев вредна спастирав по дома, излегов и бла бла бла... Само муабети...
релаксирано, опуштено. не сум била дома веќе 4 дена и се осеќам моментално странец во сопствената соба. баш чудно чуство ме облеа кога ја отворив вратата. а само кога бев со тебе не ми текна на ништо, дури ни на тоа дека имам рипчиња. се почуствував поради нив малку за момент неодговорно. но во занесот на твојте прегратки, илјада бакнежи и топли ноќи се чуствував заљубено и изгубено. и сакам на нешто да ми текне. ех ајде убаво ми е кога се чуствувам вака како цел свет да ми е променет и се ми е пинки
Супер,полна со позитивна енергија и среќа..Ширам радост на сите страни Многу ми е убаво.Си пеам цел ден и полека се спремам за утре.Конечно дојде и петокот долго очекуван