Просто дајте ми јаже и отидов да се веам на некој мост. Од каде да почнам? Имам чувство дека е недела, имам чувство дека го повредив татко ми толку многу, просто го смалив до зрно, а не сакав, ненамерно. Ново бебе, нови мекици, нови калории. Нервози, викање, трас, трес. Баба ми вика - Човек, туку скарај се, па смири се. А јас само се карам. И со причина и без. Одам утре на Матка, да викам на сиот глас! Ако слушнете лудача како се дере, тоа сум јас, не избегала некоја пациентка од Бардовци, без грижа.
Нели спањето е залудно потрошено време? Јас мразам да спијам, животот е краток и без тоа, не сакам да го трошам на спиење! Многу се плашам да не пораснам, сакам засекогаш да си останам на овие години. Мислам дека нема да ми биде доволен животниот век за да постигнам се што сакам. Излегов на кафе со другарките, го видов бившиот. Се гушнавме. Многу е убав, али џабе му е целата убавина. Никогаш не сум запознала некој како него. Се надевам дека ќе биде среќен, кога веќе не ми дозволи јас да го направам среќна. Имам чуство како животот сега да ми почнува. Се оделив од сите негативни личности од мојот живот. Сакам да запознам нови. Среќна сум. Можеби ако седнам на некое место со многу народ и ако замижам, го отворам срцето и ја повикам љубовта, таа ќе се појави.
Денес се чуствував супер!Расположено,весело и што е најбитно нон стоп насмеано Денес ни лошото време не успеа да ми го расипи расположението..За чудо! Обожавам вакви денови
Иако сум болна(настинав), се чустувам супер затоа што пред мене е доооооолг викенд Тиквешки Гроздобер
Ме боли грбот, ужасно! Сакам да ме прецвика некој, уф. Покрај тоа, петок е, ок ми е. Викендов ќе ми биде ултра креативен! Само да ми даде сила небово, да останам рамнодушна на одредени нешта. Или воопшто тие нешта да не се појават. Цел бокал кафе испив и сега сум оцрнета :р
Денес... сеуште е утро за мене, хммм... чудно нели! обично за мене утрото трае до 7 часот, денес веќе 11! нека продолжи така! Добро ми е, некои напади на љубомора добивам, но... Ќе мине! Имам прилив на инспирација за пишување, а ниту малку за учење! Дај Оззи земи лист и твори! Не дозволувај учењето да те замори!
Убаво, иако сум спиена само 3 саати. Се надевам и викендов ќе ми биде убав да не ми биде џабе доаѓањето
сега за сега поспано, уште се тегнам и расонувам , а уште малку треба да се спремам за работа. ах некоја јака мрза влегла во мене, уште од сабајлево ли ???? а цел ден е пред мене... грлото уште ме боли значи може да кажам се чуствувам и омалаксано. оф ајде јака сум јас ке издржам можам јас тоа се зборовите кој секој ден бар 10 пати си ги повторувам кога навистина сум при крај со силите.
Ми се полнат очите со солзи и чувствувам товар во душата. Се обидувам да го скријам тоа, но посилно е од мене. Слушам музика, но џабе е. Се обидувам да го исфрлам од мене, со тоа што ќе го напишам, но пак залудно е. Се чувствувам сама. На момент помислувам како немам никој до мене, на кој ќе му кажам како се чувствувам. Полека, но сигурно, во сите ја губам довербата. Но, ќе го чекам сепак брат ми. Можеби ќе ме развесели.
Се чувствувам како ма не знам и јас како да објаснам. Имам причини да се радувам, имам се што ми треба, понекогаш ми доаѓа да се изнаплачам и после неколку минути да се изнасмеам на цел глас. Ахх неописливи чувства..... Во еден момент во мене чувствувам како сонцето да ме гали и ми испараќа милиони прегратки и топли зраци да ме потсети дека сеуште во мене грее, а во друг како да се слушам самата како ги повикувам останатите делови од сложувалката. Според ова гледам дека и покрај се мене нешто ми фали. А кога ќе бидам комплетна? Но, и покрај се се чувствувам среќна, среќна сум што имам луѓе покрај мене кои ме сакаат и биле секогаш покрај мене, фала ви. Среќна сум поради мали нешта, некои нешта кои и баш не можат да се опишат...