Фино. Речено - сторено, бевме до Матка со Хуго, ама јас не викав како што реков вчера. Наместо тоа правев нешто попродуктивно - го бакнував Го угушив, кутриот. На враќање застанавме до новото Веро, па прошетавме, он се поднови со нова играчка , а јас со мала касичка во облик на кравичка, на која и кумуваше по брза постапка и се вика Божура. Ете таа Божура мене ќе ми помогне барем малку да штедам, барем 100 ден. неделно да успеам да заштедам , ќе бидам среќна. Ја наполнивме со ситнурајки, ја трескав и тропав со неа, џвакав хуба буба лубеница и пукав балони, сега уште да го наполнам мешето со нешто и денов ми е како на детенце од 6-то одделение. На прошетка со симпатијата.
Со еден збор ќе кажам, Никако! Како што ми почна денот, цела ноќ не спиев, туку ,цела ноќ ми се лошеше, и во ниедно време бев на лекар! Потоа, цел ден лежам, цел ден ме боли глава, цел ден јас имам температура! И на крај дознав дека сум се отрула! Е брао, денес најде!
Исто како и секој ден. Ме пренатрупаа со обврски, ама кој ги слуша. Прават некаков заговор против мене И се надевам дека ќе излезам денес конечно. Имам енергија во мене. Ајде нека биде и тоа.
Денот започна убаво. Со изгреј сонце. Но сепак негде длабоко во себе сум тажна, тажна поради љубовта. Имам чувство дека мене тоа никогаш нема да ми се случи.
Глупаво, досадно, монотоно ми е. Одвај ги кревам нозете, одвај се влечкам од едниот крај на собата, до другиот. Се чувствувам како инвалид. И ајде, нека заврне чим се решило времево, а не да си игра со нас. Ми се спие, ми се плаче. Радо би си легнала, ама нема време. Секоја секунда од времето ми е испланирана, еве, за 2-3 минути треба да се спремам, па да одам на роденден кај СашаФ, мојата пријателка. И ми се менува расположението, на секоја минута... Ах, колку ми се спие..
чисто - како вчера исто на кој може да му текне да се депилира во петок навечер - на талентот Гоу среќна сум денес, имав приватна прослава дома
Никогаш до сега не сум се чуствувала потреба некој да љубам.Се чуствувам женствено,сакам некој да ме гали, машка рака во мојот живот. Сексапил има во мене како никогаш до сега!Страст имам за сто животи. Али зошто никој не го гледа тоа во мене? Јас не сакам да се експонирам, сакам некој сам да дојде и да ми каже ајде да бидеме заедно. Ајде да се дружиме, ти си таква и ми се допаѓаш како таква. Но, и никогаш до сега не сум се чуствувала како маж. Имам желба да легнам со женско. Да и покажам што е страст, да ја бакнувам и галам, да и дишам во врат. Потоа диво да ја фатам за косата и страсно да ја бакнувам.
Чувствувам олеснување, и тоа големо олеснување! Чувствувам и некој спокој...и голема заљубеност А тоа чувство на спокој замешано со љубов ме прави еден голем среќен и задоволен човек! Не барам ништо повеќе од ова што сега го имам, не сакам ни повеќе пари, ни повеќе љубов ни повеќе среќа...доволно ми е ова што сега го поседувам,го имам, го Чувствувам! Сакам да го дочувам за цел живот, сакам да го сакам исто толку и после многу години,да го чувствам исто толку како и до сега! Сакам цел живот да ги имам тие ,,измислени,, проблемчиња и тие љубоморни чувства кои за цел живот ќе ме потсетуваат дека јас некого сакам и јас сум сакана од некого!
Не толку лошо како вчера, денес падна темературата ,имам апетит за јадење, испив едно 5/6 чаеви... Арно ама, главава боли
Расположено. Надвор си роси и сакам пак да истура и да прошетам низ дождот. Кога станав ме пречекаа пирошки и тоа дополнително ми го зголеми расположението. Нема променливи чувства како вчера и се радувам за тоа.