oсамено ... утрото беше баш убаво но како што одминува денот така одминува и моето расположение оти така којзнае...
Пренатрупано. Со емоции што не си ги знам, мењаат бои, не се сталожени, некако... Блесаво. Јадев макарони и сега ждригам како нилски коњ, ама баш ми е гајле. На работа беше скроз исто како и секогаш, ама таман ми дојде. Сајнето ми се врати од печалба, се радувам што ќе ја видам. Друго... Не знам, се чувствувам евентуално, баш. Уште ме диркаат одредени сеќавања, ама ќе се изборам. Морам. За атер на сопствениот ум и срце. А тој, кој ме знае без да ме дознае... Многу ќе добие. Само, малку е ветрушест, би го тепала. Нема веќе да бидам мајка, да прашувам дали е јаден, дали положил... Тој филм, никад више. Ете, глеаш како се чувстувам. Турлитава.
Денес цел ден ми беше совршен и среќен. Премногу сум возбудена,со насмевка на лицето.. Едноставно цел ден сум ваква-
Доволно среќно. Се радувам на косата и очите. Толку ми се прекрасни! Малку сум настинато... ма нема гајле... што и да е ќе помине!
ооооо таман се средив не ме болеше ни грло ни ништо денес пак со затнат нос... ааааа мразам кога сум малаксана уморна.. али секиој понеделник ми е ваков додека го навикнеш организмот, а и убаво си лежевме за празнициве. исцрпена собирам сила за малку трач на феминка и право во кревет
Цел ден со многу другарчиња го утепувам во школо. Али кога ќе помислам како моите родители тие часови ги минуваат во работа, не се жалам Пошто сакам малку да си го затегнам телото, решив да одам пеш на школо и пеш да се враќам. Утре имам мн за учење, јас научив само биологија, утре ќе го средам и другото. Абе додека имам обврски јас сум среќна, само денот да не го губам. А и веќе ќе поминувам помалку време на фејсбук!
Уште нерасонето.Рано станав да позачистам дома заради гостите ама воведов во анатомија ми ја попречи работата.Ајде ќе средам за 10 минути си викам,па фемина...И ојде времето Убаво се чувствувам,покрај се.Ми пречат многу работи,не велам не,но тоа е тоа.Се не може да биде перфектно. Ќе трпам,ќе трпам...Ќе ми пукне филмот и веќе нема да поднесам...Ќе се распукам Кога ќе биде сето тоа,прашање е на времето.Временце,кога ќе биде тоа и мене крајно филмот да ми пукне? Хмммм... Нарцизоидно ќе звучи ама морав да го кажам ова,секогаш сум предобра со сите,добра и наивна,помагам на сите,несебично давам помош и затоа скоро сите ја искористуваат мојата наивност и добрина.Не знам како досега не го согледав ова... Нема врска,ќе издржам...
разочарано ептен , секогаш моиве на мене се истураат и си ја вадат нервозата и нив ќе им помине за 5 минути ..ама мене што ќе ми го расипат денот тоа не е битно ...до кога вака
Никако...ужасно...после зборовите што ги слушнав од мојон...“Ти ги мразиш моите родители“ ...бидејќи му реков дека не ми е пријатно постојано да одам кај него дома....едноставно не се чувствувам пријатно
Хаотично... дојдов до фаза кога морам да запишам што треба да направам инаку ќе заборавам. Бреееј, ко стара баба сум станала, заборавна... ама фрка ми е.... и дефинитивно сум сигурна дека свадба ќе правам еднаш во животот... доста е бе... не за друго, почнува лудница една недела претходно и колку и да си организиран, секоја ситница може да те извади од такт....