Ме боли грлото, главата и ми се лоши. Десната рака ми е отечена, заедно со левата нога, од премногу играње тенис. Кашлам, кивам... лом.
Денес жива сум? Уште постојам? Кој би рекол... А зш постојам? За другите да ме нервирет? Тажна сум ама кој ме слушат мене? Катакомба иди у ... шо бараш овде?
Леле камо да прочитам еден пост што ќе се разликуваше од останативе, брее дојде есен и сите се разболевме. Ни јас не се разликувам од другиве постови, нема да се издвои ни мојот пост, ама јас изгледа од умор ќе се разболам. Се чувствувам капнато, ама Лукс не се дава, ќе издржам, впрочем поубаво ќе ми беше да станам од 6 , помалку ќе бев заморна + ќе имав повеќе време за се , вака,вака,вака...... офф леле се смејам, а ми се плаче, не дека толку тешко ми паѓаат обврските ,ама само ко ќе помислам што се ме чека понатака, дека ова е само почеток на се што ме чека,колку е тежок светот на возрасните аххх.
Добро сум расположена.Возбудена заради новиот курс по германски што го запишав и едвај чекам да дојде понеделник да почнам конечно со факултет и секој ден да си го гледам дечко ми
во исчекување....чекам нешто, а ни сама незнам што некое недефинирано чувство....поима немам за чудо не чувствувам глад, а денес јадев многу малку....претпоставувам што е, вчера кога се вратив од пиволенд ја имав ОНАА НАСМЕВКА и тоа убавото чувство а пак утрово ми гореа ушите и уз муабет си разменувавме линкови со балади зарем е можно Гоу да се заљубува?
Од сабајле се чувствував, некако поспано, но ме викан шефот и ми рече дека е задоволен од мојата работа и дека сака само да ме пофали преубаво чувство е....инаку кога одам во неговата канцеларија....трески ме тресат оти обично многу силно вика , ама еве за среќа денеска е многу добро расположен, па расположена сум и јас
Денес...ептен сум чудна денес, сама на себе. Станав, се спремив , бев на факс , се вратив , и сето тоа ми беше како да поминал еден час. И после тоа со дечко ми времето ми летна. Некако бев целата зашеметена, и уште сум. Некои работи што ги правам како да не ги правам јас, туку некој друг. И мајка ми ме примети: Чудна си нешто- ми вика. само се молам до вечер да ми се поправи расположението...
Разочарана сум..плачлива...и срцево ми е искршено во најситни парчиња. Се ми се руши. И што е најтрагично не ја знам вистината. Жално. После толку години бре, како само да поверувам? Како да ја откријам вистината?