Од ден во ден, се полошо и полошо. Заглавена сум, немам на кого да кажам, да излезе од мене... Ми се смачи од плачење.
Ако пред некој ден имав јасни бои над главата,сега се е ушлапано како слика со акварелни бои на човечулец од пред школска... Дали е таков денот,ама гледам денес премногу болка се собрала на форумов. Не сме случајно тука,а секој атом енергија е потребен за космосот да функционира беспрекорно. Денес,после цела година,стапнав каде што сметав дека нема повеќе простор за мене,а тој проклето многу фали.Од таму каде што го испратив пред точно една година со нозете свртени кон вратата...за него бев мало,бушаво суштество,со мало опавче и мили очи.Проклето многу ми недостига...изнаголтав грутки,изнамирисав темјан,за да се биде чудно...небото ми тежеше.Да ме стиснеше уште еднаш за рака,доволно ќе беше.Ми недостига.Деде ми недостигаш...проклето многу. А за да судбината биде уште еднаш кучка,се повтори трагедија на ист ден...па не знам,дали да речам карма,дали да речам судбина,случајност...што и да е,е проклето заебана и никаква,те дроби и ти ја уништува првата замисла за суштината на постоењето...да знаеш,да научиш,како подолго да се задржиш на светов...и ќе сфатиш,дека никогаш нема да научиш,ниту ќе бидеш револуционерен до тој степен. Што останува,освен да стиснеш заби и да речеш,посилена сум и среќна сум што ги имав.Да не беа тие,немаше да бидам јас... Ози,денес ти ја сфаќам болката совршено добро и сочувствувам со тебе.Не е исто,но е приближно тешко,болно...мене ме пече после цела година,за да биде полошо,за точно една година...приказната се повтори. Само храбро и силно...те гушакам... Лил...на парченца...денес.
Збунето. Мразам вавки моменти кога сум сама дома и ме тера на плачење. Ми се вртат повеќе ликови во главата и незнам на кој да мислам. Се враќам на моменти во минатото и се сеќавам како беше убаво. Ќе погледнам низ прозорецот, гледам топло и сончево време и се прашувам зошто не сум таму. Е стварно не е фер. Некој цел живот ќе си биде среќен, ќе биде со тие кои најмногу ги сака, а некој пак во самото детство ќе губи личности кои му се утеха..
Денес сум во исчекување на една порака. Смирена сум и гледам да не размислувам многу. Но се прашувам зошто сите се тажни?! Ама буквално сите?! Уф знам дека сум негативец...Кога сите се среќни јас плачам. Кога сите се тажни јас се смеам.
Се чудам како се менуваат работите. Едно трепнување и доволно е веќе никогаш ништо да не е исто. Страшно! Најстрашно за оние као мене, што се лепат за еден спомен, за еден предмет...и не можат да го откачат, се додека не се случи промена. Многу, многу зезната работа... Се будам денес како полесна, као да прелетав низ цел стан во рок од една минута. Ама очите ми тежат. Целата душевна тежина ми е на очите. И пак станувам, и пак ги правам истите работи како ништо да не ми е. Како се да е исто... Ама факт...никогаш нема да го прифатам фактот дека времето толку брзо поминува.
Како воз да ме прегазил,стомак ме боли од таа тетка што ќе доаѓа,па и згора на тоа тој стомачен вирус ме фати,ноќеска иако доцна легнав неможев да заспијам од што страшно ме болеше стомакот се исплашив,се мислев што се дешава сега малку сум подобра ама до кога,којзнае па сега и чај да си сварам,иако не го поднесувам,морам да се напијам,за ова меше да не боли Само и јас сум си крива се шеткам разголена и после стомак ќе ме болел,па ќе ме боли,кога се правам паметна така ми е
Имам неколку проблеми кои ми тежат врз главичката, но кога ќе размислам со што се соочува Оззи или Лилит и други храбри девојки, ќе кажам дека се проблемчиња на кои не треба да им се обрнува преголемо внимание. Ништожно ми изгледаат во споредба со вистинската мака и солзи, и ќе кажам само добро е. Сите мои убави желби ви ги испраќам вам девојки, да помине што побрзо и полесно.
Сабајле ми беше ок , почна добро денот .. дали јас го расипав , дали ми го расипаа не знам . Знам дека сега многу ама многу ме боли стомак ...
Како нетокму. Два пати темана ја прочитав младо момче бара дом.Не сум здрава. А да,и конечно гледам колку сум била глупава за некои работи. Не е баш некоја глетка,ама барем ми се отвараат очиве. И не сакам да заладува,ај нека биде вака топло до Нова Година...... Изгледа има некоја епидемија на радозналост фатено,но немам гајле јас. Ми треба воздух,чист по можност.
ДА тоа е тоа чувствувам дека почнува една личност да ми станува драга незнам дали смеам, дали е тоа исправно.....ќе покаже времето друго....се чувствувам ненаспано, кај ќе спијам ноќе шетам, а дење живеам во луда куќа
одморено пренаспано, можело ли цел ден да го поминам во гушкање во кревет. оф не станавме од кревет, едвај се намоливме да ги соблечеме пижамите затоа што требаше да ручаме потоа пак продолживме да нанаме и да се гушкаме се осеќам топ топ затоа што поминав прекрасен ден