Немам кондиција а вчера и денес на физичко професорот душава мислам дека ми ја извади . Ме боли секој мускул на телово . Едвај се движам , едвај се избањав . Утре- пак физичко . Супер .
Добра сум. Се смеам. А што да не треба да плачам? Е не плачам. Доволно плачев. Време е за смеа. И да ќе заборавев уживам во самотијата. Конечно се осеќам слободно без никакви обрски, ништо не мора да докажувам, зошто веќе доволно покажав и докажав.
Па онака добро се чуствувам подуена од теткава,па и најадена сум,напиена,како балон сум,иако по малце ми е мака битно нервозата ми помина од пмс,сега сум си раат ама и многу ми се спие од теткава ќе ми помине,ама додека помине маки
Стапалава ми беа отечени од одење, патот до факултет го поминав милиоооооооон пати и веќе ми е темница, иако надвор се‘ уште е сонце. Ајде ваљда малку ќе се релаксирам.
Нозете подуени од едни погрешни штикли. Изнервирана . . . неколку пати, ама не дозволив да ме извадат од такт. Порано се прашував самата себе, сега чекам одговор од вас - зошто имам факултет? Се чувствувам на моменти енергично, на моменти летаргично. Не можат никогаш сите коцки да се наредени како што треба, тоа ми е јасно. Мој проблем е што сум перфекционист и сакам се' да ми е под конец. Епа нема. Нека звучам колку сака безнадежно нереална и романтичарка, се' додека те имам тебе во мојот живот, ќе биде се' во ред. Ќе биде...
Втор ден ме боли глава без престан, аналгините не помагаат Се трујам со кафиња и пишувам по фејсбук....тресам глупости....зошто се ми е наопаку од оваа глава глупава Па уште ме провоцираат, а јас терам инат....абе хаос....и на крај кога ќе се свестам што сум направила си викам, ех Гоу алапачо една колкава уста имаш, сама си крива сега чукај си ја главата Најарно ќе е да ги тргнам чувствата и емоциите на страна за да не паднам во некоја стапица....неможам трезвено да размислувам деновиве
Смирено некако. Слушам музика, јадам лешници, и си чатувам со милиов... Среќна сум. Дипломира Нате моја, а плус тоа, одам на дводневен семинар со водолијата и знам дека ќе се церекаме и буцкаме цело време на околијата. Многу мирно, љубовно денес. Почнав да си ги ценам тивките моменти, кога сум сама со себе. Сакам машина за пишување, макар на старо. И ќе побарам!
Сеуште за жалење. Ама, не сакам никој да ме жали, си седам во четири ѕида, со „речиси“ мрсна коса, на два прамена поделена , без желба за средување на влакнава на нозеве( и за тоа ) со сок и калории пред мене. И, како да се чувствувам? И пак и пак без волја! Треба да ме влечат од соба. Преовладува депресивно растроение, мириса уште од порта. Не можам да се освестам! Или... не сакам?! Не сакам!?
Моментално како среќна, дебела будала! Welcome PMS ,а тоа значи , мене ми се надувува стомаков, ме јадат некои мисли за кои не треба воопшто да се замарам, ми се јаде се!
Тука нема да лажам, иако надвор сите мислат дека сум пресреќна затоа што не сакам да видат дека не сум добро..ехх опасна глумица сум! ама одвнатре..тонам! Се чувствувам премногу лошо.. Не се издржува! Морав да се откажам од личноста која ми значи премногу! Полека полека се трудам, но... Ајде ќе помине! Мора да биде подобро! поздрав
морам уште едно чувство да напишам денес .....неопишливо е колку можат да те насмеат овие шабански песни ја пуштив ЛЕПША У НОЧИ ја рокнав до даска и си праам дома журка....101% се шлакнав ...ма ко се то заљубио....сад би од срече попиооооооо ...осечај мене не вара.....она је само за тебе...... удри бригу на весељу и е*и све машко по список