пред се изморено. ме убива ова работава па и капак на се баш денес се правеше лутеница. хм и како да не се чуствувам напнато, изморено, и депресивно.
и денес... и вчера! Тоа чувство на гнев во мене никако да ме напушти! Самата помисла на тој ,,блам,,и јас веднаш го разгорувам бесот во мене и сакам да се изнавикам... да се искарам...небаре така ќе заборавам... А да заборавам знам дека нема шанси! Тоа чувство не верувам дека во скоро време ќе ме напушти! Денес не само што не работев ништо (од глупи причини) јас денска и ЧУВСТУВАВ дека сим бескорисна! Колку и да се трудев да направам нешто...едноставно не ми одеше од рака! И што полошо од тоа? Тоа чувство на бескорисност,и чувство на мрза...а истовремено и чувство на вина цел ден не ми давше мир во душата! Многу работи ми се собраа...а се си мислам дека сите тие нешта потекнуваат од еден исти извор, проблемите ми се од исти карактер! И сама предизвикав...за се сум сама одговорна! Ама не можам да се носам со таа вина и одговорност! Е*ати глупото чувство! Сега дури верувам дека јас навистина ги комплицирам работите!
Среќна сум бе, и не можам против тоа!!! И не ни сакам. Да де, кој сака да оди против среќата О боже, не ми се верува дека ми се случува, ама чувството е неодоливо добро. И не знаев дека ќе го поднесам вака добро И не ми е гајле, ама ич не ми е гајле. Ќе се погрижам да биде се ок, а за тоа ме бива, иако знае да ме фрустрира Супер беше денес. Мајндблоуинг, шо би рекла јас. А се навикнав. Тешка работа, да се навикнеш на убаво Сакам уште. Сакам пак. И пак ќе речам, за ништо не ми е гајле!!! Среќна сум и никој не може да ми го земе тоа!!! Ај сега да си легнам, да ми дојде побрзо утре Утрееее Ах бе...
Уште ме болат забите од контрола , уште ме боли секој мускул . На враќање сега смрзнав .. не е на арно..
Како се чувствувам јас денес, ви посакувам да се чувствувате сите секој ден од годината Денес сум најсреќна и најзаљубена и нема да дозволам никој да ми пречи во задоволството. Цел ден ќе се шетам со осмех на лице, макар да помисли некој дека нешто ми фали
Колку е само убаво,кога човек ќе стане рано сабајле,па кафенце со саканиот на тераса,па доручок,па обврските што не чекаат,за на крај заедно пак да ручаме. Ах се чуствувам прекрасно,ќе видиме крајот од денот што ќе ни донесе...
Хмм...денес се чуствувам прилично добро. Болна сум деновиве, али денес кога станав сум на пола пат заздравена. А плус некако мерак ми прави затоа што вчера вечерта си легнав во 8 а сабајлево станав во 9 и 30..фииуу...вака никад не сум спиела. Онака 13 саати, во темна соба, под ќебенце..уф уф..мераци. Одморена се чуствувам дефинитивно.
Последните 4 дена ми се исти. Не знам што е ден а што е ноќ. Само тој што не е родител неможе ни да ја претпостави и замисли родителската грижа. Да, деца се лажат со играчка ама само 5-10мин додека целата не ја расклопи на најситните делови а потоа почнува да се чуди што направил. Тие се искрени души, кај нив нема лаги и превари ама тешкото е што некого го боли вистината. Знам дека е тешко дека треба секој ден да си наоѓаш оправдување зошто стануваш и зошто живееш во овој суров свет ама, тоа е твој проблем, а во туѓите не мешај се. Лажна слика во која самите себе си се лажеме...е неможам бе да глумам, што да правам таква сум. Го издржав тоа ке го издржам и ова, зашто знам што сакам.
Денот ми започна со неговиот глас, сеа замислувате каков ми е. Пред се, заљубено. Лееетам во облаци. Потоа, измешано со нервоза, мрза, и секако насмевка. Чудо сум кога сум во ПМС бе!
Сега добро. Ама после кога ќе треба да ја испратам гостинката солзите ќе доаѓаат вака - . Расположението ќе биде под нулата.
Онака просечно, без некои поголеми осцилации, ама сепак недовлно за петочно расположение, којзнае колку пати ќе се смени до вечер
Како заглавена во некој универзум каде движечка сила се Марфиевите закони! И само си се прашувам: Зошто сега баш? Зошто мора да правам сега проценки и да морам да се одрекувам од едно нешто за да можеби го добијам другото? А примамливо е, но на гранка. Не ми е во рака! А сепак е блиску, треба само да ги истегнам рацете! Ама во меѓувреме ќе ми испадне од рака она што веќе го имам. А тооолку долго го чекав! Зошто, сега? Зошто кога е суша нема ни капка дожд, а потоа се давиш во вода? Аман!
Како удрена со мокра чорапа Бев сабајле на Водно, се изнашетав. Дома, малиџано и демек 43 минути заспав и сега ми се гади, она грозноно чувство го имам во глава, како да сум играла пијана на подиум што се врти. Одам на промоција на Чалгија Саунд Систем вечер, а после тоа можда во Инди на малку музика... Утре Маврово. Добар, организиран живот имам, а? Овој... Работник е, ескиватор и деморализатор. Кој го е*е, имам јас што да чинам. Зезанции со малишани сигурно не. Чао женки, се читаме деновиве.