Грдичко.. исто како времево.цело време мислам дека е недела,незнаш зошто..а мразам недела + напната сум и од други причини,не само од времево..така да КАТАСТРОФА
денес...не се чувствувам самата себеси никако...нз каква бев и како ми беше...ми мина ептен матно денов.. а моментално се чувствувам подуено,ми се гади... и тажно,осамено како и обично
Не можам ни сама да опишам, а мноогу ми е тешко. I don't care if it hurts, I want to have control, I want a perfect body, I want a perfect soul. I want you to notice when I'm not around, You're so f*cking special, I wish I was special ...
во моментов сум екста деприсивна значи сите работи ми се собраа наеднаш и додека дечко ми најверојатно се забавува јас си седам дома плачам бидејки немам ни трошка срека во животов, и слушам тажни песни. преку глава ми е најпрво од љубовта бидејки после 2 ипол години свакам дека единтвениот кој што сум го сакала е бившиот кој сега е најверојатно срекен со друга. Мислев дека сегашниов е подобар па затоа се излажав и тргнав со него. Да знаев дека ке си имам толку проблеми со него немаше да го погледнам. буквално ми го скратува животот. Ме лаже дека не гледа порно, дека не седи на компјутер до касно, дека другар му го викнал на кафе во град а всушност знам дека тој е иницијатор. Ме лаже дека нема лажен фејсбук и скајп ме лаже дека не сум била јас поканета на свадба која се случи пред 1 месец, (а всушност бев поканета) за да не оди со мене. Ме лажи за многу ствари и иако го сакам и до пред некое време бев подготвена рака во оган да ставам за него, сега во моментов не чувствувам никаква вина дека го изневерив 2 пати со двајца различни. Мислам дека крајот е тука и во овој момент ми треба огромна поддршка и рамо за плачење но најсмешно е дека немам кому да се обратам. малку е оф топик но мораше да се испукам.
еве вака се чувствувам...доста ми е од се,сакам да си живеам САМАА,а не секој да ги слушам миите за глупости како си префрлуваат,а после како демек јас сум сонувала,не било така... е ќе пукнам веке
Се чувствувам бедно-единствен збор што би ја опишал оваа состојба.Бедно поради тоа каква глупача бев постојано,а и поради тоа што ете повторно сум сама иако ти враќам на пвоите постапки.Баш како времево,се спремам да пукнам и да плачам постојано па сиот товар да ми го снема од душата.Ама заборавив и како се плаче,за жал.И бедно поради мојата празина и пресушеност на било какви чувства.
Денес никако не се чуствувам само лежам и плачам....неможам да станам од кревет,синоќа пред испагање паднав дома и си ја свиткав ногата сега цела ми е отечена и премногу ме боли,и не само ногата цела сум искршена
Ме разбуди мајка ми многу рано,па најлогично нервозна сум зошто не сум наспана. Безвезен ми е денов, расположението ми е нула, па гледам Саут Парк за да се расположам. Ни книга не ми се фаќа, па само се легачам...
Иако: - ми студи (седам по маичка на кратки ракави и ултра кратки шорцеви) - имам садови за миење - треба да се бањам - имам драма што треба да ја прочитам до УТРЕ ... се чувствувам убаво. La vita e bella!
Добра сум. Малку ме боли главата, се напив и апче но не поминува. Се чувстувам како мало ангелче. Размислувам позитивно и одам понатаму.
Да беше петокот, ќе пишев магично. Уф, каква енергија може да ти даде концерт! Мислев дека ќе полетам. Си ги видов моите уметнички жени, професори, еден куп убави луѓе и сфатив дека тоа е тој круг во кој сакам да се вртам цел живот. Знам дека нема да ми биде здодевно. Од друга страна, кога појдовме во Маврово, и таму еден цел нов енергетски спој. Играње, зезање, варено вино, многу дожд, убава храна, смешки, тренинг кој освен што едукативно ме растресе, испадна дека значи повеќе од тоа. Значи влог во себе и сопствените убедувања и грешки. Се чувствувам ок. Малку ме боли главата, сепак два дена на раат и воздух без гасови си го прават своето. Скопје е магично грд и можеби преценет, на моменти. Небово е мастилаво чудно. Братучетка ми е право мало буренце, во ноември ќе роди девојче. Јас, со драгиот, веројатно после ќе се видам на кратко и слатко. Среќна сум што сум овде, како и да е. Мирна глава, и повторно истите редови. Дефинитивно ќе почнам да селектирам песни и да пробам да објавам нешто, физички. Ми тежи таа стаклена волна во гради. Ете, фино е. Ми ветуваат чевли, ме паметат од постови и поезија, ме канат на инди рок музиче со пиво. Постари мажи. Јас, велам не, од далеку. Си имам мир. Поздрав.
како ветерот одведена на 1000 страни. посакувано и изгушкано. среќна и задоволна, само да траеше подолго би било магично јас и ти .............. супер ми е вака сакам кога сум среќна и расположена сакам насмевки