добро е, поминува дејството на алкохолот прееска кога се уклучив малце ми се мешаа буквите па отидов да одморам епа цел ден си го поминав со најблиските и убав ручек + винце и ме зашемети малце ми помна лутината од сношти...ама не сум заборавила за утре се најавија еден куп обврски...ајде понеделнички ќе се растрчам по градов и за задутре веќе е испланиран денот....готово нема тегнење како мачка пред компјутер се што ми треба е мирен сон
времето ми е многу убаво па некако се чувствувам освежено и почнувам да се враќам во нормала и покрај изедениот нож во грбот ... љубов ..
Полно со енергија и цел ден се смешкам. Неочекувано ми дојде тетката вчера, но брзо ќе си замине. Што убаво си се чувствувам во моментов и грдо е што имам уште за учење.
Си шмркам цел ден, настината сум и се чувствувам како небото да ми се срушило врз грбот. Ама утре е нов ден...
365 дена како се гушкаме и богами требаше многу напор, трпение и време да стигнеме дотука. Но, не жалам за ниту еден момент, ниту за моите напори. Не ми требаат подароци, твоето внимание, посветеност и нежност не се пакуваат во кутии со машнички. Се чувствувам онака како што копнеев половина од мојот живот и целата унесреќена тинејџерка доба. Ништо не падна од небо, јас те пронајдов, јас ризикував, јас се трудев, јас сум среќна. Ако е секој со својата среќа, тогаш мојата го носи твоето име... Д.
Среќно, Среќно, Среќно, Среќно и многу заљубено...убаво е да си легнуваш и да се будиш покрај љубениот
се придружувам кон позитивното и заљубеното расположение, веќе година дена си спијам, станувам и живеам со саканиот најубавото време до сега во мојот живот поздрав до сите и лов ис ин ди ер
Чисто пред се . Се избањав Денес сакам се да ми е на место , инаку не сум многу пицајзла . Не знам што ми е денес Ме мачи малку односот сегашен со дечко ми , ама и тоа ќе се среди .
Супер. Убав ми е денов, посебен. Цел ден гледам што да му купам на дечко ми кога ќе се врати во Македонија.
Се штрекнав уште од сабјле нешто, ама се испостави дека е лажен аларм. Немам причини за грижа. Си одам денес за Скопје, го мразам чувството при пакување на куферот, затоа и чекам 1 час пред да излезам од дома, тогаш почнувам. Ајде барем ќе одморам глава малку од грижи, ако не друго таму нема кој да ми вика на глава и да ми прмка цело време. И тоа, ништо посебно не чувствувам, нит тага, нит среќа, не плачам , ама не се ни смеам, последниов период душава ми е ко бел лист хартија.